Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

ФИБА ЕВРО КУП: Цедевита Јуниор повторно подобра од КК Пелистер

Димитар Петковски 06/11/2025 06:19
Screenshot_20251106_073340_Chrome
 Хрватскиот состав Цедевита Ј. ,славеше со сигурни (95:74) на вечерашниот меч во Битола. Домашните кошаркари на Пелистер повторно не најдоја решение за лидерот во групата„Д“ ,екипата на Цедевита Ј.

Гостите го одбија налетот на „пелистерци“ и ја вратија високата предност и победија во Битола како и на првиот дуел во Загреб.

По четири одиграни натпревари во групата „Д“, Пелистер има скор (1-3), каков што има и кипарскиот Керавнос.

Лидер е тимот од Загреб со максимални четири победи, а словачката Превидза е на ефект (2-2).

Мошне рано влегоа во резултатска негатива кошаркарите на Пелистер. По десет минути од играта губеа десет поени (27:17). Гостите од Загреб стартуваа одлично, особено во нападот, и пред се, шутот за три поени. Погодија четири тројки (од пет обиди) во првата четвртина, што беше и „основа“ за двоцифрената предност.

На почетокот на вториот период, Цедевита Јуниор имаше и поголеми (33:19). Слична беше нивната позитива и во 15.минута (40:27), а највисоката ја запишаа две минути подоцна, кога на семафорот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола стоеше резултат (28:46).

На полувремето, Пелистер имаше нешто пониска негатива (34:49). Со Брејси Дејвис, како стрелец на 13.поени, следен од Ленгстон Вилсон кој додаде девет, со слаб шут за три поени (1/6), и половична реализација за два (12/24 односно 50%).

А потоа, по големиот одмор, пелистерска фурија, која во рок од шест минути го оддува противникот, со помош на Митревски (реализираше четири тројки), Брејси Дејвис и Л.Вилсон. направи серија (22-7), и стигна до израмнување (56:56)!

Сепак, до истекот на најдобриот период од играта на домашната екипа, гостите некако се одбранија. И со своја мини-серија од (10-2), повторно поведоа, со (66:58), резултат кој беше „на сила“ по 30.минути игра.

На почетокот на последната Цедевита Јуниор продолжи со добра стрелба, особено за три поени. Тоа одново им донесе двоцифрено водство (75:63). по две минути игра во периодот на одлука. За кратко време гостинската екипа се одвои и на 20.поени плус (86:66), што означи и крај на надежите на нашиот претставник дека може неешто повеќе на овој натпревар во кој Брејси Дејвис беше реализатор на 21.поен (и четири скока), Ленгстон Вилсон заврши со 17.поени (и седум скока), Митревски имаше 15 (и два скока), а Стајиќ дополни со девет поени и осум асистенции.

Во петтото коло од групата „Д“ во ФИБА Евро Купот, „пелистерци“ ги чека гостување во Словачка. На 12. ноември играат против екипата на Превидза, која вечерва славеше и повеќе од убедлива победа на гостински терен, против Керавнос од (109:59).

Фото КК Пелистер/ КФМ

Continue Reading

Претходно: “Вечното дерби” го доби Вардар, Чкембари и Комити на трибините во Битола(Видео)
Следно: Од клик до осигурителна полиса – онлајн без чекање

Поврзани вести

4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Policija-Berlin
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

Шеталиште 11/07/2026 07:42
tajfun-bavi-tajvan
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

Шеталиште 11/07/2026 07:39
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција 4353 1
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

11/07/2026 09:54
Заложничка драма во Берлин Policija-Berlin 2
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

11/07/2026 07:42
Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави tajfun-bavi-tajvan 3
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

11/07/2026 07:39
Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија kuba-struja 4
  • Вести
  • Свет

Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија

11/07/2026 07:34
Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците Srebrenica 5
  • Вести
  • Регион

Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците

11/07/2026 07:32

Можеби сте пропуштиле

DSC_2442
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:55
DSC03261
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:25
4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Policija-Berlin
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

Шеталиште 11/07/2026 07:42

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани