Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Владата ги изневери лозарите, нудиме закон за реална поддршка од 3 денари по килограм грозје

Шеталиште 02/09/2025 14:49
Venko

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, заедно со пратеничката група на партијата денеска поднесе предлог-закон за измена на Законот за вино, со цел да се обезбеди вистинска и правична финансиска поддршка за лозарите, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

„По серијата средби со лозарите во Скопје, Кавадарци и Неготино, се наметна потребата за итна измена на законот. Предлагаме дополнителна субвенција од три денари по килограм предадено грозје за сите лозари што ќе го предадат грозјето кај регистрираните винари до 1 август 2025 година“, изјави Филипче.

СДСМ остро реагира на потегот на Владата и МЗШВ, кои оваа година не ја објавија производната цена на грозјето, иако се законски обврзани да го сторат тоа. Со тоа, винариите беа ослободени од обврската да ја почитуваат методологијата која предвидува надомест од најмалку 25% над производната цена.

„Наместо реална и законска цена, лозарите добија зголемување на основната цена од само половина денар. Тоа не е ниту соодветно, ниту правично. Во 2023 година лозарите добиваа и до два денари дополнителна субвенција, што значи дека оваа година реално имаат загуба од еден и пол денар по килограм“, додаде Филипче.

Дополнително, СДСМ предлага укинување на одредбата која овозможува винариите да ја намалат цената за 8% ако лозарите сакаат брза исплата, што е пракса која се користи за уцена и манипулација со трудот на производителите.

„Ќе ставиме крај на манипулациите со трудот на луѓето. Не смее државата да дозволи 11.000 семејства кои живеат од лозарство да бидат повторно понижени. Владата има пари, има и механизми – само треба волја“, изјави Филипче.

Законот предвидува и вклучување на лозари кои досега не биле корисници на финансиска поддршка преку годишните програми или Интервентниот фонд.

„Оваа мерка е реална, праведна и итна. Очекуваме Владата да ја прифати и Собранието да ја усвои со поддршка од сите политички партии. Лозарите не смеат да бидат оставени сами“, порача претседателот на СДСМ.

Соопштение за јавност – прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче

СДСМ

Continue Reading

Претходно: ДИК: Доставени 69 иницијативи за градоначалници на општините и за градоначалник на Град Скопје
Следно: Панова: Филипче кажува невистини и манипулации за цената на грозјето

Поврзани вести

grip-opsta-pexels-1
  • Македонија

Намален бројот на заболени од грип, последнава недела регистрирани 767 случаи на групни пријави

Шеталиште 05/03/2026 13:31
iran-raketni-napadi-848x477
  • Македонија

Аркан Керим: Околу 800 македонски граѓани заглавени на Блискиот Исток, авионските билети по 20.000 евра

Шеталиште 05/03/2026 13:25
mickoski2-660x490
  • Македонија

Мицкоски вели дека безбедносната состојба е стабилна

Шеталиште 05/03/2026 13:23
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
-_
300 x 300
Cabaret-Gold
Untitled design (2)

Тренд Вести

Намален бројот на заболени од грип, последнава недела регистрирани 767 случаи на групни пријави grip-opsta-pexels-1 1
  • Македонија

Намален бројот на заболени од грип, последнава недела регистрирани 767 случаи на групни пријави

05/03/2026 13:31
Мицкоски не исклучува раст на цената на дериватите, ако дојде до тоа ќе се намалат акцизите gorivo-pumpa-750x350-2 2
  • Економија

Мицкоски не исклучува раст на цената на дериватите, ако дојде до тоа ќе се намалат акцизите

05/03/2026 13:28
Аркан Керим: Околу 800 македонски граѓани заглавени на Блискиот Исток, авионските билети по 20.000 евра iran-raketni-napadi-848x477 3
  • Македонија

Аркан Керим: Околу 800 македонски граѓани заглавени на Блискиот Исток, авионските билети по 20.000 евра

05/03/2026 13:25
Мицкоски вели дека безбедносната состојба е стабилна mickoski2-660x490 4
  • Македонија

Мицкоски вели дека безбедносната состојба е стабилна

05/03/2026 13:23
Денес се празнува Свети Лав, епископ Катански sv-lav-486x460 5
  • Македонија

Денес се празнува Свети Лав, епископ Катански

05/03/2026 11:12

Можеби сте пропуштиле

image
  • Промо

Реал Мадрид – Хетафе ја „скрои“ судбината на тикет вреден над 2.000.000 денари!

Шеталиште 05/03/2026 15:24
grip-opsta-pexels-1
  • Македонија

Намален бројот на заболени од грип, последнава недела регистрирани 767 случаи на групни пријави

Шеталиште 05/03/2026 13:31
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Мицкоски не исклучува раст на цената на дериватите, ако дојде до тоа ќе се намалат акцизите

Шеталиште 05/03/2026 13:28
iran-raketni-napadi-848x477
  • Македонија

Аркан Керим: Околу 800 македонски граѓани заглавени на Блискиот Исток, авионските билети по 20.000 евра

Шеталиште 05/03/2026 13:25

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани