Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Власта не презема навремени мерки за да го спречи растот на трошоците за граѓаните

Шеталиште 27/03/2026 15:51
venko

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешниот брифинг со новинарите се осврна и на поскапувањата на цените на храната, оценувајќи дека цените енормно се зголемиле поради непостапувањето на Владата.

-Сведоци сме како цените на храната растат секој ден. Нема никаква интервенција ниту мерка од Владата, се е поскапено, а граѓаните секојдневно реагираат, оцени тој, обвинувајќи ја власта дека не презема навремени мерки за да го спречи растот на трошоците за граѓаните.

-Зејтинот е поскапен до 118 денари, кафето од 12 до 140 денари, мелено месо од 730 до 830 денари, пилешко месо над 400 денари, една кутија од 10 јајца над 110 денари. Покачени се цени на зеленчук, овошје и пиперки достигнаа цени до 300 денари, домати над 200 денари. За само три месеци новиот раст на цените е за 2.500 денари, покажуваат официјалните податоци на Сојузот за синдикати, рече Филипче.

Тој нагласи дека вредноста на минималната синдикална кошничка изнесува 68.000 денари, што е значително надвор од досегашните примања на граѓаните, оценувајќи дека со овие цени луѓето не можат да преживеат, а премиерот и Владата, според него, немаат контакт со реалноста.

Филипче истакна и дека предложените мерки за намалување на ДДВ-то на горивата се недоволни и дека е потребно итно прифаќање на дополнителни економски мерки, како што е не само намалување на ДДВ-то на горивата од 18 на 5 проценти, туку и намалување од 5 на 0 отсто на ДДВ-то на основните прехранбени производи. Натаму, тој предлага преполовување на патарините и намалување на акцизите за четири денари по литар гориво, затоа што, како што рече, само така граѓаните ќе почувствувале вистинско намалување на цените на горивата.

Ја критикуваше власта за задоцнети мерки, поради што, според него, резултирало со енормно зголемување на цените.

-Владата задоцни, не почна на навреме, ланецот на поскапување започна. Спиралата започна, сè се вивна како резултат на ненавременото реагирање на владата. Со овие мерки кои ги предлагаат, односно со оваа единствена мерка, ништо нема да се смени. Компаниите кои имаат поврат на ДДВ од горивата ова нема да го почувствуваат никако, граѓаните не гледаат намалување на горивата, само се зголемуваат, а буџетот продолжува да се полни, што значи дека владата си го задржува правото на луксузирање, додаде Филипче.

Претседателот на СДСМ на денешниот брифинг рече дека според податоците на Заводот за статистика се бележи пад на производството во повеќе сектори.

-Има пад на индустриското производство, јануари 2026 споредено со јануари 2025 година за 6,6 проценти. Пад на производството во повеќе сектори според Заводот за статистика. Драматичен пад на странските инвестиции, оцени Филипче.

Тој, како што наведе, во времето на владите на СДСМ инвестициите изнесувале 1,2 милијарди евра, а сега биле 460 милиони евра.- Фабрики се затвораат, работниците се отпуштаат и сѐ повеќе фабрики најавуваат заминување од земјата, истакна Филипче.

Извор: МИА

Фото: СДСМ

Continue Reading

Претходно: Алиу најави нов закон за лекови за поефикасно и навремено снабдување
Следно: Мицкоски: Приоритет на Владата е да имаме помали трошоци за живот, а повисоки примања за вработените

Поврзани вести

VODOVOD - BITOLA
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

Шеталиште 15/04/2026 11:51
IMG_2655
  • Вести
  • Битола инфо

Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола

Шеталиште 15/04/2026 11:41
20260414195905_big_730x400_93
  • Македонија

Си-ен-ен: Северна Македонија, земја за која знаат мал број туристи

Шеталиште 15/04/2026 07:25
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица policija-8 1
  • Битола инфо

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица

15/04/2026 13:01
Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена VODOVOD - BITOLA 2
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

15/04/2026 11:51
Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола IMG_2655 3
  • Вести
  • Битола инфо

Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола

15/04/2026 11:41
Мицкоски: Како што најавив се намалија цените на горивата, очекувам дополнително снижување Mickoski 4
  • Економија

Мицкоски: Како што најавив се намалија цените на горивата, очекувам дополнително снижување

15/04/2026 10:54
Продолжува штрајкот на персоналот на Луфтханза Lufanza-avioni-730x375-1 5
  • Свет

Продолжува штрајкот на персоналот на Луфтханза

15/04/2026 07:26

Можеби сте пропуштиле

20260415134942_big_730x400_21
  • Ракомет

Словенецот Котар потпиша за Еурофарм Пелистер

Шеталиште 15/04/2026 14:16
policija-8
  • Битола инфо

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица

Шеталиште 15/04/2026 13:01
VODOVOD - BITOLA
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

Шеталиште 15/04/2026 11:51
IMG_2655
  • Вести
  • Битола инфо

Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола

Шеталиште 15/04/2026 11:41

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани