Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Филипче ги објави „црвени линии“ за ЕУ, предлага уставните измени да завршат до 10 февруари

Шеталиште 25/09/2025 11:25
Venko-Filipce

Владата и сите институции доследно да се придржуваат кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културни особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со ЕУ, и дека Република Северна Македонија е подготвена да ги исполни обврските од Преговарачката рамка со ЕУ, вклучувајќи ги и уставните измени со јасна определба дека е тоа последната пречка, без прифаќање на нови барања или прашања од билатерален и идентитетски карактер.

Ова се двете главни точки од Резолуцијата за дефинирање заеднички позиции за продолжување на европскиот пат на државата, што денеска ја презентираше на брифинг со медиуми лидерот на СДСМ Венко Филипче.

– Ова се нашите црвени линии. Ова е предлог решение за постигнување на сите заеднички национални и стратешки цели со консензус со оглед на високото мнозинство граѓаните за членство на државата во ЕУ, изјави Филипче.

Документот како работна верзија најпрво ќе биде доставен до сите политички партии, а потоа во Собранието да се излезе со заеднички документ.

– Документот доаѓа со предлог закон, за улогата на Собранието во процесот на евроинтеграцискиот преговори. Очекувам сите да бидат конструктивни и да не се злоупотребува за политички цели во предизборни кампањи, нагласи Филипче.

Документот, како што посочи Филипче, содржи и конкретна временска рамка за одблокиррање на преговорите и отворање на првиот кластер до 15 февруари 2026 година, како и механизми кои чекори треба да ги преземе Собранието доколку некоја од земјите членки задираат во идентитетските прашања.

– Сметам дека е крајно неодговорни да не се прави ништо на ова поле. Ако ние постигнеме национален консензус никој нема да може да се бори со нас и да не запре, порача Филипче.

Временска рамка за спроведување на Резолуцијата предивидува Владата од 15 ноември до 25 ноември 2025 година да се изјасни за поднесените амандмани за внесување на бугарската и другите етнички заедници во Уставот коишто беа поднесени во 2023 година и дали останува на истиот текст или подготвува и предлага нов текст на уставните амандмани. Доколку се предлага нов текст на амандманите, тој да биде усвоен од Владата и доставен до Собранието до 1 декември 2025 година.

– Собранието да ја започне постапката за измена на Уставот и да се достигне до фазата на прво гласање најдоцна до 15 декември 2025 година, а да ја заврши постапката за измена на Уставот со финално гласање најдоцна до 10 февруари 2026 година. Истиот ден на финалното гласање и усвојување на Уставниот закон за спроведување на уставните амандмани Владата да испрати писмо до државите членки на ЕУ и до Европската комисија дека е исполнета нашата обврска за одблокирање на преговарачкиот процес и да ги достави потребните документи (Патокази) кои ги има подготвено како инструменти вообичаени за преговорите. Во истото писмо, Владата ќе ја повика Европската комисија, согласно Заклучоците на Советот на ЕУ донесени на 18 јули 2022 година, да организира Меѓувладина конференција помеѓу државите членки на ЕУ и Северна Македонија на која ќе се донесат сите потребни одлуки за одблокирање на преговорите за членство и ќе биде отворен првиот кластер- Темелни вредности не подоцна од 15 февруари 2026 година, се наваедува во Резолуцијата што ја предлага СДСМ.

Фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Минчев: Партиските привилегии на товар на граѓаните завршуваат – јавниот сектор ќе работи за граѓаните, а не за партиите
Следно: Во петок во Ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Доминанта“ од прилепски уметници, членови на ДЛУП

Поврзани вести

fjC5B-oblacno-1
  • Македонија

Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо

Шеталиште 12/06/2026 07:37
53488
  • Македонија

Законот за оружје пред пратениците

Шеталиште 12/06/2026 07:37
image-253611
  • Македонија

Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник

Шеталиште 12/06/2026 07:21
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Нова ескалација во Ормускиот теснец: Иран наводно лансирал дронови кон трговски бродови Strait_of_Hormuz_MODIS_2020-12-04 1
  • Свет

Нова ескалација во Ормускиот теснец: Иран наводно лансирал дронови кон трговски бродови

12/06/2026 07:39
Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо fjC5B-oblacno-1 2
  • Македонија

Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо

12/06/2026 07:37
Законот за оружје пред пратениците 53488 3
  • Македонија

Законот за оружје пред пратениците

12/06/2026 07:37
Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник image-253611 4
  • Македонија

Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник

12/06/2026 07:21
Светското првенство: Мексико ја совлада Јужна Африка, Јужна Кореја се врати од негативата и ја победи Чешка (Видео) 102937829 5
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Светското првенство: Мексико ја совлада Јужна Африка, Јужна Кореја се врати од негативата и ја победи Чешка (Видео)

12/06/2026 05:53

Можеби сте пропуштиле

Strait_of_Hormuz_MODIS_2020-12-04
  • Свет

Нова ескалација во Ормускиот теснец: Иран наводно лансирал дронови кон трговски бродови

Шеталиште 12/06/2026 07:39
fjC5B-oblacno-1
  • Македонија

Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо

Шеталиште 12/06/2026 07:37
53488
  • Македонија

Законот за оружје пред пратениците

Шеталиште 12/06/2026 07:37
image-253611
  • Македонија

Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник

Шеталиште 12/06/2026 07:21

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани