Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Локални избори 2025

Филипче: Дарко Блажевски докажа што значи грижа, над 60 проекти во Јегуновце, тоа е СДСМ!

Шеталиште 12/10/2025 09:19
Miting SDSM Jegunovce

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва од Јегуновце, на граѓанска трибина рече дека нема потреба да зборува за кандидатот за градоначалник Дарко Блажевски, затоа што неговите дела зборуваат погласно од сите искажани зборови. Со над 60 реализирани проекти тој покажа каква треба да е вистинската грижа за жителите во својата општина, стои во соопштението од СДСМ што Шеталиште го пренесува интегрално.

„Денес сум дојден пред вас да побарам поддршка за нашиот кандидат за градоначалник Дарко Блажевски. Дарко беше градоначалник од 2017 до 2021 кога покажа како се работи во интерес на граѓаните на Јегуновце. Човек кој зад себе има дела кои говорат за него. Дарко и неговиот тим реализираа над 60 конкретни проекти и ова наследство ми дава за право искрено и силно да застанам зад него“, рече Филипче

Тој ги потсети граѓаните на реализираните проекти на Блажевски за кого побара повторна поддршка на 19 октомври. Притоа претседателот Филипче нагласи дека борбата на СДСМ продолжува со искрена и чесна понуда на храбри луѓе кои ги носат вредностите на социјалдемократијата.

„Од нова спортска сала, реконструкција на регионални и локални патишта како од Јегуновце до Пршовце, Шемшево до автопат, до изградба на тротоари, плоштади, паркови Дарко докажа како се работи. Во Јегуновце има дури и сончеви панели за енергетска ефикасност во три училишта и минибуси за ученици затоа што е важно и до училиштето да се стигне безбедно„ рече Филипче во Јегуновце.

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Фото: СДСМ

 

Continue Reading

Претходно: Проданоски: Изградба на два големи парка и уредување на кејот на Градска Река за зелен и урбан Прилеп
Следно: 80 години ФК Пелистер: Официјален прием во Општина Битола за претставниците на Динамо Букурешт (Фото)

Поврзани вести

Glasanje
  • Локални избори 2025

Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини

Шеталиште 10/01/2026 12:40
izbori-izboren-den-glasanje-glasacka-kutija
  • Локални избори 2025

Во четири општини почна изборната кампања за гласањето за градоначалник на повторените избори на 11 јануари

Шеталиште 23/12/2025 07:18
dik
  • Локални избори 2025

Над 19 илјади неважечки ливчиња во вториот круг за избор на градоначалници, за Град Скопје секое шеснаесетто ливче неважечко

Шеталиште 03/11/2025 14:57
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците img_0458-750x375 1
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

05/10/2026 11:04
Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

05/10/2026 10:48
Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо japonija-660x500 3
  • Свет

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо

05/10/2026 07:57
На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт 20261005093245_big_730x400_9 4
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

05/10/2026 07:53
Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето foka-jona-780x470 5
  • Македонија

Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето

05/10/2026 06:20

Можеби сте пропуштиле

img_0458-750x375
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

Шеталиште 05/10/2026 11:04
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

Шеталиште 05/10/2026 10:48
podarok-mint_centar_2
  • Промо

Подарок! За секој направен технички преглед

Шеталиште 05/10/2026 10:47
image (11)
  • Занимливости

Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари

Шеталиште 05/10/2026 08:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани