Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Државата е нашиот дом, борбата за иднината е заедничка обврска

Шеталиште 08/09/2025 11:23
Venko Filipce

Лидерот на македонската опозициска партија Венко Филипче упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста во која повикува на политичко и државничко освестување.

– Државата е на граѓаните. Таа е нашиот дом. Нашиот дом е нашето семејство, но и нашето маало, нашата општина, нашата заедница. За нашиот дом мора да се бориме сите. Македонија е и на тие што останаа овде, и на тие што заминаа, ама не заборавија. Мораме да ја чуваме оваа држава, затоа што немаме друга. Сакам да и порачам на власта, ова е земја на сите, за сите. Не е само ваша. Повикувам на политичко и државничко освестување. Патриотизам е да се бориш за чист воздух, а не да палиш депонии и да не преземаш ништо за тоа. Патриотизам е да помагаш на послабите и на посиромашните, а не да мислиш само на себе и да трошиш од државните ресурси за да нема доволно за граѓаните, вели Филипче.

Осврнувајќи се на она што е направено кога СДСМ беше на власт, Филипче оценува дека изминатата година државата не се движи во добра насока и е под закана од напуштање на деценискиот сон за интеграција, масовно иселување и економско девалвирање.

– Државата не се брани само со знаме и химна, се брани и со фер институции и со праведно судство и со еднакви шанси за сите затоа што денес, заканата не е од оружје, туку од корупцијата, неправдата, дискриминацијата, сиромаштијата, вели Филипче.

Порачува дека сега е време да се направи чекор напред, да се обезбеди иднина што нема да зависи од тоа кој е на власт, туку каква држава сме изградиле.

– Нашата следна цел е членството во Европската Унија. Тоа го бараат сите граѓани затоа што се свесни дека ако сакаме стабилност, владеење на правото, заштита за работниците, подобри стандарди и економија што не зависи од политика, ова е единствениот пат. Денес сме на чекор од Европа. Тој чекор мора да го направиме сами, но заедно и обединето. Бидејќи јас верувам дека сите на крајот го сакаме истото, сигурна иднина на оваа држава и на нашите деца. Оваа борба не е ни лесна, ни брза, но е вредна. И ако 1991 се изборивме за независност, сега треба да се избориме за иднина, истакнува Филипче во честитката. 

Фото: СДСМ

Continue Reading

Претходно: Сиљановска-Давкова: Во свет заснован на сила, а не на право, сè уште водиме битка за рамноправна, европска и правна држава, членка на Европската Унија
Следно: Мицкоски: Независноста не е само потпис на хартија, таа е жртва, борба, љубов кон оваа света земја

Поврзани вести

klekovski-aliu-696x463
  • Македонија

Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство

Шеталиште 14/07/2026 10:25
Elektricen-trotinet
  • Македонија

Од денеска само полнолетни ќе смеат да возат електричен тротинет

Шеталиште 14/07/2026 10:06
20230714091737
  • Македонија

Ги славиме Св. Козма и Дамјан: Изговорете ја оваа молитва за здравје на најмилите и честитајте именден на овие имиња

Шеталиште 14/07/2026 08:53
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус et5a3229-1024x683 1
  • Регион

Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус

14/07/2026 12:10
Прилеп два дена ќе има нарушено снабдување со вода, се санира голем дефект img-7234b6b7fd1d45f4a19eebff6cc9c3d1-v-696x464 2
  • Прилеп инфо

Прилеп два дена ќе има нарушено снабдување со вода, се санира голем дефект

14/07/2026 12:06
Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство klekovski-aliu-696x463 3
  • Македонија

Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство

14/07/2026 10:25
Онлајн купувањето во Македонија расте: Е-трансакциите надминаа 265 милиони евра во првиот квартал onlajn-pazaranje-pxb-1 4
  • Економија

Онлајн купувањето во Македонија расте: Е-трансакциите надминаа 265 милиони евра во првиот квартал

14/07/2026 10:08
Од денеска само полнолетни ќе смеат да возат електричен тротинет Elektricen-trotinet 5
  • Македонија

Од денеска само полнолетни ќе смеат да возат електричен тротинет

14/07/2026 10:06

Можеби сте пропуштиле

Felicia 5ti rodenden-Recovered
  • Промо

Gold Felicia одбележува 5 години успешна приказна со свечена роденденска прослава, Cabaret Show и 30% попуст за сите гости

Шеталиште 14/07/2026 14:05
b_260713049
  • Рецепти

Искористете ја сезоната на цреши со сочен домашен колач кој се подготвува без многу труд

Шеталиште 14/07/2026 12:12
et5a3229-1024x683
  • Регион

Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус

Шеталиште 14/07/2026 12:10
lokum222
  • Настани

Две децении Балкански етно-фјужн фестивал „Локум фест“ во Битола

Шеталиште 14/07/2026 12:07

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани