Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Економската политика на оваа Влада е најлошата досега

Шеталиште 27/08/2025 13:43
Filipce

Лидерот на опозициската СДСМ денеска на прес-конференција изјави дека по 15 месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ може да се даде оценка дека економската политика на оваа Влада е најлошата во историјата.

-Десетици милиони евра се буквално украдени од граѓаните преку непреземање мерки за цените, преку непокачување на платите, преку растот на нееднаквоста и сиромаштијата, што е свесна и намерна политика на оваа власт. Ако нешто може со сигурност да го кажам, тоа е дека СДСМ имаше и сè уште има далеку подобри економски политики насочени кон луѓето – со грижа за стандардот и со јасна цел: економија што им служи на граѓаните. Разликата е јасна: ВМРО-ДПМНЕ создава несигурност и сиромаштија. СДСМ знае како да ја врати стабилноста и достоинството на граѓаните, истакна Филипче.

Тој напомена дека нема да отстапат од нивните решенија за покачување на платите во сите сектори, зголемување на минималната плата на 500 евра, намалување на цените преку укинување на ДДВ за основните прехранбени производи и оти повторни ќе ги поднесат до Собранието.

-Во изминатите неколку месеци, се изнаслушавме бројки и фалби од премиерот, кој очигледно мисли дека граѓаните во маркет пазарат со неговите ПР-трикови, а не со платата и приходите кои ги имаат. Една работа треба да ѝ биде јасна на владата – граѓаните се тие што знаат како живеат и каква е реалната состојба со економијата, цените и платите. Денес ќе споделам неколку анализи за кои сум сигурен дека се пореални за граѓаните, отколку оние на премиерот, во кои сме четврто, шесто или не знам кое место во Европа, изјави Филипче на прес-конференцијата.

Според него ВМРО-ДПМНЕ за една година ја довела државата во најголема економска несигурност.

-Инфлацијата е 4,8 отсто, секојдневно растат трошоците и реалноста е дека се живее сè потешко. Минималната синдикална кошница, откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, секој месец урива нови рекорди. Во јуни 2024 година, минималната синдикална кошничка изнесуваше 60.325 денари, а во август минатата година надмина 61.000 денари. Денес, после една година таа достигна 65.507 денари. Тоа значи дека во периодот откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, основните трошоци за живот се зголемени за околу 5.000 денари. Во исто време, минималната плата е зголемена за само 2.000 денари. Ова е директен удар врз стандардот на граѓаните, рече тој.

Реалната плата, онаа што ја покажува куповната моќ на граѓаните, истакна тој, во јуни пораснала за само 3,8 отсто, а пред една година со мерките на СДСМ растот бил 11 отсто.

-За прв пат после долги години имаме пад на просечната плата во споредба со претходниот месец – тоа беше случај во јуни. Тоа значи дека реалните бројки, не оние измислените од премиерот, покажуваат дека платите стагнираат, цените растат, а граѓаните губат. Во вакви услови, Мицкоски зборува дека платите „не смееле да растат затоа што имало инфлација“. Тоа е економска неукост. Продуктивноста расте само ако платите растат – тоа е елементарна економска логика. Или, ако сака премиерот со конкретни бројки: нашата продуктивност е 55 отсто од европскиот просек, а платите само 35 отсто. Значи проблемот не е во работниците – проблемот е во владата што ги држи платите ниски за да им одговара на бизнис-елитите, рече Филипче.

Како што посочи СДСМ и во најголемите кризи и за време на ковидот и за време на енергетската криза не барала изговори за зголемување на платите.

-Ние преземеваме конкретни мерки. Преку анткризните пакети во вредност од над 2 милијарди евра, го сочувавме животниот стандард и работните места, а платите постојано растеа. Минималната плата од 8.000 денари ја зголемивме на 22.500 денари, а просечната плата од 22.000 денари, на 40.000 денари, додаде Филипче.

Според Филипче оваа власт свесно ја разгорува инфлацијата, бидејќи им го полни буџетот и им ги зголемува профитите на блиските фирми.

-Граѓаните плаќаат, олигарсите заработуваат. Македонија се претвора во земја на сиромаштија и неизвесност, додаде лидерот на СДСМ.

Фото: СДСМ

Continue Reading

Претходно: Полесен пристап за лицата со попреченост на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор
Следно: ВМРО-ДПМНЕ: Вистината е дека Бујар Османи е политичар кој внесува поделби и омраза

Поврзани вести

fjC5B-oblacno-1
  • Македонија

Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо

Шеталиште 12/06/2026 07:37
53488
  • Македонија

Законот за оружје пред пратениците

Шеталиште 12/06/2026 07:37
image-253611
  • Македонија

Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник

Шеталиште 12/06/2026 07:21
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Нова ескалација во Ормускиот теснец: Иран наводно лансирал дронови кон трговски бродови Strait_of_Hormuz_MODIS_2020-12-04 1
  • Свет

Нова ескалација во Ормускиот теснец: Иран наводно лансирал дронови кон трговски бродови

12/06/2026 07:39
Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо fjC5B-oblacno-1 2
  • Македонија

Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо

12/06/2026 07:37
Законот за оружје пред пратениците 53488 3
  • Македонија

Законот за оружје пред пратениците

12/06/2026 07:37
Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник image-253611 4
  • Македонија

Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник

12/06/2026 07:21
Светското првенство: Мексико ја совлада Јужна Африка, Јужна Кореја се врати од негативата и ја победи Чешка (Видео) 102937829 5
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Светското првенство: Мексико ја совлада Јужна Африка, Јужна Кореја се врати од негативата и ја победи Чешка (Видео)

12/06/2026 05:53

Можеби сте пропуштиле

Strait_of_Hormuz_MODIS_2020-12-04
  • Свет

Нова ескалација во Ормускиот теснец: Иран наводно лансирал дронови кон трговски бродови

Шеталиште 12/06/2026 07:39
fjC5B-oblacno-1
  • Македонија

Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо

Шеталиште 12/06/2026 07:37
53488
  • Македонија

Законот за оружје пред пратениците

Шеталиште 12/06/2026 07:37
image-253611
  • Македонија

Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник

Шеталиште 12/06/2026 07:21

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани