Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

Шеталиште 08/09/2026 08:35
Venko Filipce

– Честит 8 Септември – Денот на независноста! Денес одбележуваме 35 години од историската одлука на македонските граѓани за независна, суверена и демократска држава – се вели во честитката по повод 8 – ми Септември, од претседателот на СДСМ Венко Филипче, што МИА ја објавува интегрално.

Нашата државност не започна во 1991 година, создавана е низ генерации, преку историски, политички и револуционерен континуитет. Од идеалите на Илинден, преку одлуките на АСНОМ со кои беше втемелена македонската државност, до референдумот на 8 Септември и одлуката да продолжиме по патот на независноста.

Секоја генерација имала своја историска улога.

Илинденската генерација ги постави темелите на борбата за слобода. АСНОМската генерација ја оствари таа цел и ја втемели македонска државност.

Генерацијата од 1991 година се избори за независна држава, избирајќи го мирот во време на војни, и ја започна тешката битка за меѓународно признавање.

Генерациите потоа решаваа тешки спорови и остварија една од клучните стратешки цели поставени уште од независноста – членството на Македонија во НАТО, го отворија патот кон Европската Унија и го обезбедија македонскиот јазик и идентитет.

СДСМ е дел од тој државотворен континуитет – активен учесник во создавањето и развојот на современата македонска држава, во борбата за независност по мирен пат, меѓународното признавање, членството во НАТО и европската интеграција.

Но денес, кога славиме 35 години независност, мора да гледаме пред сè напред – кон годините и децениите што доаѓаат.

Нашите предци се бореа да имаме своја држава. Оваа нашата генерација има обврска да се избори нашите деца да сакаат да живеат во неа, да се избори за Европска Македонија.

Затоа што државата е и секојдневниот живот на луѓето, на нашите деца и внуци. Државата е во создавањето можности родителите достоинствено да го издржуваат своето семејство, младите да создадат дом, а повозрасните да имаат мирна и достоинствена старост. Работниците да живеат од својот труд, достоинствено , без страв дали ќе им стигне платата до први.

Да изградиме економски силна, европска држава, со подобар животен стандард, во која училиштата ќе се полнат со деца, наместо да се празнат, а младите своите соништа и својата иднина ќе ги гледаат тука, дома.

Да изградиме европска држава со систем што функционира и правда што важи еднакво за сите.

Да изградиме европска Македонија во која младите ќе можат да создадат дом и семејство, да имаат достоинствена работа, да успеваат со знаење и труд и да имаат европски можности дома.

Тоа е нашата генерациска задача.  Да ја продолжиме македонската државотворна линија – со заедништво, со достоинство, и со јасна визија за иднината во Европа.

Затоа што Македонија е сè што имаме.

Нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста!

Фото: СДСМ / Извор: МИА 

Continue Reading

Претходно: ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации
Следно: Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Поврзани вести

image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол image-66-1024x768 1
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

12/10/2026 12:43
За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски nikoloski-so-zname-696x464 2
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

12/10/2026 12:41
Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода 24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

12/10/2026 10:26
“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 4
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15
МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 5
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13

Можеби сте пропуштиле

image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
valerija-damcevska
  • Настани

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Шеталиште 12/10/2026 12:40
24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани