Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Немам никаква поврзаност со која било фирма за марихуана во државата

Шеталиште 16/02/2026 15:17
venko

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти дека нема никаква поврзаност со која било фирма за марихуана во државата.

– Тоа повторно е обид за дефокус и да се избегне одговорот на вистинското прашање – Како пет тони марихуана, четири-пет шлепери, поминале преку граница и завршиле во Србија? Со кој е поврзана оваа фирма што е наведена во документ на српското Обвинителство и дали е поврзана со некои луѓе од сегашната власт? Како поминала на полициска и на царинска контрола на граница? Сè друго е дефокус – рече Филипче на прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање за поврзаноста со фирмата за марихуана.

Според него, во изминатиот период поединци од партијата биле изложени на лажна кампања и на притисоци и додаде оти го поврзувале со многу работи со кои тој немал допир.

Претседателот на СДСМ обвини дека сегашната власт контролира голема мрежа на медиуми, не само сега, туку, како што рече, и во изминатите повеќе од 10 години.

– Над 40 отсто од медиумите се во таа мрежа, телевизии, портали итн. и тоа се медиуми што создаваат антиевропски наратив, кои подгреваат национализам и не нè водат никаде – рече Филипче, кој ги отфрли обвинувањата за случаите со Жан Митрев, Дубаи, со модуларната болница во Тетово… Додаде дека не е изненаден од „системот на медиумската хајка и лажни вести, лажна кампања“.

За обвинувањата за модуларната болница во Тетово и за сведочењето на поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу, Филипче рече дека таа поранешна обвинителка била суспендирана пред да се случи пожарот во тетовската болница и пред ковидот.

– Дали би го зеле за релевантно ако помеѓу сите работи што ги изнесе во таа емисија, која гледаме како е поставена и која е целта, рече дека Груевски бил во право кога викал дека снимките се сечени и лепени. Тоа е концептот – лажни обвинувања, лажна црна кампања – рече Филипче.

За комисијата, која се подготвува за сите несреќи, Филипче рече сè уште дискутираат во рамките на пратеничката група кој ќе биде во неа и дека сè уште немаат имиња, ама ќе ги поднесат. Упати прашање зошто претседателот на Собранието, Гаши, не дава формално барање да се дадат членови за комисијата и дали има намера да закаже средба на комисијата.

Фото и видео: СДСМ

Continue Reading

Претходно: Манасиевски: Филипче е симбол на корупцијата во здравството и функционер заштитен од правосудните органи
Следно: Филипче: Предложените измени на Законот за високото образование се катастрофално лоши

Поврзани вести

FB_IMG_1773507468439
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер со клупско соопштение се обрати на јавноста

Димитар Петковски 14/03/2026 17:02
brane-petrushevski
  • Вести
  • Македонија

Петрушевски: СДС е еднакво на ССМ, денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

Шеталиште 14/03/2026 11:13
Simona-Cvetanovski
  • Вести
  • Македонија

Цветановска: Протестот на работниците не е политика туку борба за достоинствен живот и праведна плата

Шеталиште 14/03/2026 11:10
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

ФК Пелистер со клупско соопштение се обрати на јавноста FB_IMG_1773507468439 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер со клупско соопштение се обрати на јавноста

14/03/2026 17:02
Петрушевски: СДС е еднакво на ССМ, денешниот протест е измама, а не борба за работнички права brane-petrushevski 2
  • Вести
  • Македонија

Петрушевски: СДС е еднакво на ССМ, денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

14/03/2026 11:13
Цветановска: Протестот на работниците не е политика туку борба за достоинствен живот и праведна плата Simona-Cvetanovski 3
  • Вести
  • Македонија

Цветановска: Протестот на работниците не е политика туку борба за достоинствен живот и праведна плата

14/03/2026 11:10
Муцунски: Вистинската сила на дипломатијата не се мери само со постигнатите договори, туку и со спасените човечки животи Timco-Mucunski 4
  • Вести
  • Македонија

Муцунски: Вистинската сила на дипломатијата не се мери само со постигнатите договори, туку и со спасените човечки животи

14/03/2026 10:55
Алиу: Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји Aliu 5
  • Вести
  • Македонија

Алиу: Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

14/03/2026 10:52

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1773507468439
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер со клупско соопштение се обрати на јавноста

Димитар Петковски 14/03/2026 17:02
IMG_1604
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (14.03.2026)

Шеталиште 14/03/2026 11:33
brane-petrushevski
  • Вести
  • Македонија

Петрушевски: СДС е еднакво на ССМ, денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

Шеталиште 14/03/2026 11:13
Simona-Cvetanovski
  • Вести
  • Македонија

Цветановска: Протестот на работниците не е политика туку борба за достоинствен живот и праведна плата

Шеталиште 14/03/2026 11:10

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани