Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Некатегоризирано

Филипче: Образованието е најважната инвестиција, секое дете заслужува еднаква шанса за квалитетно образование

Шеталиште 01/09/2025 11:40
Filipce

Претседателот на СДСМ Венко Филипче и градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски  денеска по повод почетокот на новата учебна година го посетија ООУ „Киро Глигоров“ во Скопје. На сите првачиња, ученици, наставници и родители, Филипче им посака успешна учебна година.

– Посакувам успешна, мирна школска година, мирни денови на сите учениците и им посакувам да се стекнат со нови знаења. На родителите и наставниците им посакувам трпение и да им дадат многу поддршка на децата. Училиштето „Киро Глигоров“ е едно од новоизградените училишта за време на мандатот на СДСМ. Вложувавме многу во образованието, изградивме и реконструиравме над 80 училишта. Направивме значајна инвестиција во платите на наставниците, никогаш дотогаш не се зголемиле во толкав процент – над 50 отсто, нешто што сега сериозно недостасува. Градоначалникот Герасимовски во овој сегмент се покажа како добар менаџер. Неколку години по ред за сите првоодделенци има униформи, бесплатни ранци и од следната година, како што најави, ќе има и бесплатен оброк, рече Филипче.

Тој истакна дека програмата што ја подготвуваат за локалните избори се темели на тоа да се обезбеди квалитетна настава, да се обезбедат безбедни улици за децата коишто доаѓаат до училиштата и се што може во рамки на локалната самоуправа да се направи за поддршка на родителите.

Прашан како ја оценува состојбата со училиштата на територија на цела држава и за тоа дека сега на време има обезбедено учебници по сите училишни предмети, Филипче рече дека секоја добра политика и се што е добро треба да се пофали и не треба само критика.

-Во тој дел каде МОН обезбедил тоа што треба добро е. Впрочем тоа им е работа, но имаме сериозни забелешки во делот на грижата за наставниците. Ако наставниците не се стимулирани, а не се, ниту пак има некакво зголемување на платите, ниту пак има најава дека платите на наставниците ќе се зголемат, тогаш имаме сериозен проблем, а тоа е нешто што сериозно недостасува во државата. Жалам што има лоши економски политики, ниту пак има грижа за работниците, во било кој сектор и нема најави за зголемување на платите. Луѓето „кубурат“, цените се огромни, Владата не прави ништо за да ги исконтролира, ниту во маркетите, ниту пак има некакви добри економски политики кои во иднина ќе донесат добро. Напротив гледаме можност за сериозна криза. Странските инвестиции од над 500 милиони евра се намалени во првата половина од оваа година, ако ја спроедуваме со ланската година на 220. Тоа е само еден доказ дека Владата води лоши политики, рече Филипче. Додаде дека не може државата да се движи напред, а луѓето не можат да дадат се од себе во својот работен процес ако не се стимулирани и не можат да врзат крај со крај.

На новинарско прашање што треба да се направи за да се спречи иселувањето на младите и за малиот број првачиња низ земјава, Филипче рече дека треба да се работи за интересите на државата.

– Треба конечно по 30 години да почнат преговорите со ЕУ за да зајакне системот. Граѓаните не се доволно информирани што значи отворање на поглавјата со ЕУ. Значи вистинска реформа во правосудството, енергетиката, економијата, дигитализацијата итн. Гледаме како нашите деца се иселуваат најмногу во државите кои последни станаа земји членки на ЕУ – Бугарија, Хрватска, Словенија… Ние во еден период бевме пред нив во процесот на евроинтеграција. Во Делчево годинава 90 од 100 матуранти се запишале на факултети во Бугарија, а ние овде зборуваме за некакави лажни национални предавства. Нациопнално предавство е да не се работи за интересите на граѓаните и државата. Младите препознаваат што значи чесна и вистинска работа за државата, што значи зајакнување на институциите, зајакнување на сите сегменти, а ништо од тоа Владата за жал не прави, нагласи Филипче.

Градоначалникот Герасимовски информира дека сите осум основни училишта на територија на општина Центар свечено ги примија 541 првачиња. – Од оваа година покрај многубројните активности, Општина Центар сама обезбеди бесплатни униформи за сите 4 900 основци, бесплатни ранци и училишни прибори за 541 правачиња, рече Герасимовски и има посака успех на учениците.

Герасимовски рече дека во текот на летото имало повеќе реконсктрукции на основните училишта, како варосување, реконструкција на тоалети, на спортски и свечени сали… Само во ОУ „Гоце Делчев“ се уште има реконструкција на уште неколку тоалети, која се планира да заврши овој месец.

Одговарајќи на новинарско прашање, Герасимсовски рече дека се забележува одредено намалување на бројот на правачиња, но тоа не е алармантно како во другите општини. Појасни дека Општина Центар има доволно капацитети и оти во минатото запишувала ученици кои се од други општини, но тука работеле родителите, имале потреба и барале тука да го запишат своите деца. Оваа година, како што рече, тоа е забрането, со препораките од МОН не се запишуваат деца од други општини.

Фото и видео: СДСМ

Continue Reading

Претходно: Јаневска: Над 17.000 првачиња ја почнаа учебната година, реформите за едносменска настава продолжуваат
Следно: Муцунски му реплицира на Филипче: Преговорите со ЕУ не се блокирани, зашто никогаш и не започнаа поради СДСМ и ДУИ

Поврзани вести

Mickoski-Tivat
  • Некатегоризирано

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват

Шеталиште 05/06/2026 06:20
image-249416
  • Некатегоризирано

Денеска се празнува Благовештение на Пресвета Богородица – Благовец

Шеталиште 07/04/2026 06:10
venko-filipche
  • Некатегоризирано

Филипче ја презентира новата предлог-програма на СДСМ, предвидува нула корупција и зголемени плати и пензии

Шеталиште 27/03/2026 15:45
bouzouki band
300 X 300
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје Komarec 1
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

14/08/2026 14:27
Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034 Rakomet-pretsedateli 2
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

14/08/2026 11:54
Се гаснат шест пожари, под контрола два pozar2-960x540-1 3
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

14/08/2026 11:27
Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите img_7182-1024x576 4
  • Битола инфо

Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите

14/08/2026 10:36
МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција 20260814104056_big_730x400_47 5
  • Балкан

МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција

14/08/2026 09:56

Можеби сте пропуштиле

Komarec
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

Шеталиште 14/08/2026 14:27
Rakomet-pretsedateli
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

Димитар Петковски 14/08/2026 11:54
pozar2-960x540-1
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

Шеталиште 14/08/2026 11:27
img_7182-1024x576
  • Битола инфо

Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите

Шеталиште 14/08/2026 10:36

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани