Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Филипче од Крушево: Сеќавањето на Илинден има вредност ако градиме подобра иднина

Шеталиште 02/08/2026 08:04
Venko-Filipce-Krusevo

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Крушево по повод 2 Август – Илинден порача дека вистинската почит кон илинденците се покажува преку градење подобра иднина, а не со останување заробени во минатото.

Во своето обраќање, Филипче им оддаде почит на хероите на Илинденското востание и на Крушевската Република, истакнувајќи дека нивната борба била за слобода, правда и право на македонскиот народ сам да ја одлучува својата иднина.

-Денес во Крушево оддаваме почит на хероите на Илинден и на Крушевската Република – на оние кои пред повеќе од еден век се бореа за слободна и достоинствена Македонија. Нивната жртва не беше за изолација. Не беше за страв. Не беше за поделби.Тие се бореа за слобода, за правда и за правото на овој народ сам да ја одлучува својата судбина. Денес, повеќе од еден век подоцна, имаме должност да го продолжиме токму тој пат, рече Филипче.

Тој порача дека Македонија не смее да остане заробена во минатото и дека не смее да биде држава во која младите заминуваат, во која пензионерите едвај преживуваат, во која водата за пиење е опасна, а институциите служат на тесен круг луѓе.

-Сеќавањето на Илинден има вистинска вредност само ако ни служи да градиме подобра иднина. Затоа ние се бориме за Македонија во која владее правото, а не партискиот интерес. За Македонија во која има чиста вода, достоинствени плати и перспектива за младите- истакна претседателот на СДСМ.

Филипче порача дека визијата на СДСМ е Македонија да биде дел од европското семејство како слободна, демократска и просперитетна држава.

-Илинденците се бореа против тиранијата на своето време. Денес нашата борба е против корупцијата, против изолацијата и против лажниот патриотизам што ја држи државата во место. Ние се сеќаваме на минатото. Но ја избираме иднината. За многу години Илинден! Да живее Македонија – истакна Филипче, честитајќи им го на граѓаните празникот Илинден. 

Фото/видео: СДСМ

Извор: МИА

Continue Reading

Претходно: Традиционална Семакедонска средба во потпелистерското село Трново
Следно: ВМРО-ДПМНЕ: Илинден е обврска кон иднината, со инспирација од делото на Илинденците да ја градиме Македонија со одговорност и визија

Поврзани вести

IMG_5842
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови

Шеталиште 15/08/2026 07:29
Komarec
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

Шеталиште 14/08/2026 14:27
Rakomet-pretsedateli
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

Димитар Петковски 14/08/2026 11:54
bouzouki band
300 X 300
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови IMG_5842 1
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови

15/08/2026 07:29
Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје Komarec 2
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

14/08/2026 14:27
Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034 Rakomet-pretsedateli 3
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

14/08/2026 11:54
Се гаснат шест пожари, под контрола два pozar2-960x540-1 4
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

14/08/2026 11:27
Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите img_7182-1024x576 5
  • Битола инфо

Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите

14/08/2026 10:36

Можеби сте пропуштиле

IMG_5842
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови

Шеталиште 15/08/2026 07:29
Komarec
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

Шеталиште 14/08/2026 14:27
Rakomet-pretsedateli
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

Димитар Петковски 14/08/2026 11:54
pozar2-960x540-1
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

Шеталиште 14/08/2026 11:27

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани