Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Локални избори 2025

Филипче од Јегуновце: Имаме застој и уназадување на секое поле

Шеталиште 12/10/2025 09:13
Venko Filipce

На трибина „Се бориме за нашиот дом“ вечерва во Јегуновце, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ)  Венко Филипче рече дека „состојбата се влошува на секое поле и државата уназадува“ затоа што „не е исполнето ниту едно ветување за година и пол владеење на ВМРО-ДПМНЕ на централно ниво и четири години на локално“.

-Веќе на граѓаните им е јасно дека состојбата со нив само ќе се влошува на секое поле. Оваа ненародна власт за година и пол е соголена до кожа од лагите со кои победи на последните избори. Да се потсетиме – ветуваа подобар живот, економски бум, горда европска интеграција под други услови, подобар животен стандард, ветуваа правда и правичност. Што имаме денес? Денес имаме застој и уназадување на секое поле. Економијата е ослабена и на колена, платите стагнираат, па дури и се намалуваат. Луѓето сè помалку можат да купат поради цените и инфлацијата кои не ги контролираат. Правда не постои, нема реформи, нема независно судство. Нема ниту перспектива напред кон Европската Унија“, рече Филипче.

После сите неисполнети ветувања,  кажа Филипче, „се поставува прашањето зошто сега некој би и верувал на оваа влада“.

-Зошто некој да и верува на оваа власт повторно? Ако пред само година и пол излажаа за сè што ветија, тогаш бидете сигурни дека лажат и сега. Граѓаните не сакаат жалопојки. Сакаат решенија. Сакаат правда. Сакаат живот со достоинство. Сакаат грижа кога ќе имаат проблем, рече Филипче.

На изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски дека опозицијата има „патолошка омраза кон ВМРО-ДПМНЕ, Филипче му одговори „Мицкоски зборува за омраза, а самиот е извор на омраза, на деструктивна реторика која го дели народот и ја дестабилизира државата“.

-Цела година навредува, понижува, го дели народот и сите кои ги критикуваат неговите очајни политики ги нарекува глодари и лешинари. Цела година го храни стравот, се заканува, плука по секого – па после глуми жртва кога народот ќе му ја врати вистината. Цела година зборува за дестабилизации, хибридни напади – додека единствениот кој дестабилизира е тој, со неговиот говор полн со омраза, изјави Филипче.

Фото: СДСМ 

Continue Reading

Претходно: ВМРО-ДПМНЕ: 14 милиони евра од само една зделка на Марковски компани со РЕК и ЕСМ, дали овие пари завршиле кај Заев и Филипче во Бугарија?
Следно: Мицкоски од Прилеп: Политиките на СДСМ во однос на прашањата со соседите се чиста капитулација

Поврзани вести

Glasanje
  • Локални избори 2025

Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини

Шеталиште 10/01/2026 12:40
izbori-izboren-den-glasanje-glasacka-kutija
  • Локални избори 2025

Во четири општини почна изборната кампања за гласањето за градоначалник на повторените избори на 11 јануари

Шеталиште 23/12/2025 07:18
dik
  • Локални избори 2025

Над 19 илјади неважечки ливчиња во вториот круг за избор на градоначалници, за Град Скопје секое шеснаесетто ливче неважечко

Шеталиште 03/11/2025 14:57
300х250 (1)
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Последна шанса за пријава на Мини Трчај бе 2026 – пријавите се затвораат утре напладне 49a3d30dd8ffb76ab6c3f0725167744a 1
  • Вести
  • Битола инфо

Последна шанса за пријава на Мини Трчај бе 2026 – пријавите се затвораат утре напладне

08/06/2026 13:30
Еве колку граѓани во Македонија живееле од социјална помош во 2025 година paridenari10-1 2
  • Македонија

Еве колку граѓани во Македонија живееле од социјална помош во 2025 година

08/06/2026 11:55
Од вечерва ново поевтинување на горивата – Ова се цените gorivo-poskupljenje-1331561945-135250_1000x666-1 3
  • Економија

Од вечерва ново поевтинување на горивата – Ова се цените

08/06/2026 11:49
Во Битола се одржа меѓународна конференција „Библиотекарот денес: професија во трансформација“ 20260608133422_big_730x400_44 4
  • Битола инфо

Во Битола се одржа меѓународна конференција „Библиотекарот денес: професија во трансформација“

08/06/2026 11:40
И Германците „загризале“ за талентираниот голманот на ФК Пелистер! IMG_20260608_093131_775 5
  • Вести
  • Балкан
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

И Германците „загризале“ за талентираниот голманот на ФК Пелистер!

08/06/2026 09:32

Можеби сте пропуштиле

49a3d30dd8ffb76ab6c3f0725167744a
  • Вести
  • Битола инфо

Последна шанса за пријава на Мини Трчај бе 2026 – пријавите се затвораат утре напладне

Шеталиште 08/06/2026 13:30
f9893445dd9161037c72329609881103
  • Спорт
  • Останати

НОВИ ТИТУЛИ, НОВИ ПОБЕДИ – АК ОЛИМП ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА ПИШУВА УСПЕШНАТА СЕЗОНА

Шеталиште 08/06/2026 13:27
paridenari10-1
  • Македонија

Еве колку граѓани во Македонија живееле од социјална помош во 2025 година

Шеталиште 08/06/2026 11:55
gorivo-poskupljenje-1331561945-135250_1000x666-1
  • Економија

Од вечерва ново поевтинување на горивата – Ова се цените

Шеталиште 08/06/2026 11:49

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани