Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Спасовски останува координатор на пратеничката група на СДСМ

Шеталиште 29/11/2025 13:37
Venko-Filipche

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека Оливер Спасовски останува координатор на пратеничката група на опозициската партија.

Тој на прес-конференцијата даде одговор на новинарско прашање во врска со неодамнешната изјава на Спасовски дека понудил оставка од функцијата координатор на пратеничката група на СДСМ, но дека тоа немало врска со резултатот од локалните избори.

-Да, тоа се случи меѓу двата изборни круга, но причина за тоа беше едно недоразбирање од техничка природа, кое што го расчистивме во меѓувреме. Ја разбирам неговата реакција во однос на тоа прашање поради тоа што тоа доведе до една таква непријатна ситуација, која што не беше ниту намерна, ниту тенденциозна. Но како и да е поразговаравме и по расчистувањето на тоа недоразбирање сепак Оливер Спасовски ќе остане координатор на пратеничката група на СДСМ, истакна Филипче.

Поранешниот министер за внатрешни работи Спасовски, во емисијата „Тема на денот “ на ТВ Сител рече дека има вистина во тоа дека понудил оставка во моментот кога требало да се поднесе резолуцијата до Собранието за Бугарија. Тој додаде дека е точно дека барал да биде сменет од функцијата координатор на СДСМ, но тоа било за предлогот на партијата за стратегија на црвени линии во спорот со Бугарија со усвојување на истата во Парламентот. Тој бил против таков чекор од партијата.

Како што најави Филипче во текот на следната недела ќе заседаваат партиските тела и ќе бидат назначени двајца нови потпретседатели, а ќе има измени и во извршниот одбор.

Во однос на последните случувања на реалација влада – правосудство, Филипче рече дека начинот на комуникација на власта и зборовите кои ги користи се несоодветни и недолични и смета дека тоа е еден од начините да се направи дефокус од вистинските работи, кои Владата треба да ги прави, а како што рече, не ги прави.

-А тоа се реформите. Никој во ниту еден сегмент не бара дополнителни пари без реформи, не, луѓето бараат реформи, бараат подобар систем, тоа го бараат граѓаните, сакаат да живеат во подобар систем, во држава со подобра јавна администрација, обвразование, судство, тоа го бараат судиите. Ако за првпат во историјата се обединиле сите судии да се обраќаат кон премиерот, извинете кабаетот е кај него. Дали во секој систем и во сите групи и во сите институции има луѓе, кои што на некој начин со своето несоодветно однесување и постапки прават терет врз целиот тој сегмент, да има секаде, но мнозинството луѓе, значајно мнозинство луѓе бараат систем, реформи, прогрес и преку тоа повисоки примања и тоа е нашиот пат, начинот за излез од оваа ситуација во која не стави Владата, а таа е тешка периферија на Балканот. Да резимирам сметам дека приоритет треба да бидат реформите во правосудството, преку кои ќе се постигнат две работи – подобар систем, поголема функционалност и поголеми примања за сите кои работат таму, тоа е начинот како ќе се зголеми довербата во правосудството, нема друго нема волшебно стапче, како што нема во ниту еден сегмент, рече Филипче.

Според него има стагнација во сите сегменти, во преден план се ставени бизнис интереси на мала група луѓе и од утре, како што рече, партијата почнува со серијал прес-конференции за скандали.

Фото: СДСМ

Continue Reading

Претходно: Андоновски: Националниот портал – uslugi.gov.mk има 240.000 корисници
Следно: Пензионерите се во ризик, фондот е празен, предупреди Флипче

Поврзани вести

Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“ Screenshot_20260906_122405_Facebook 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

06/09/2026 11:37
Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 2
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 4
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36
Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово shkendija-1-2-1536x1077 5
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

04/09/2026 20:56

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани