Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Ја поддржуваме иницијативата за намалување на функционерските плати

Шеталиште 05/02/2026 16:21
Venko

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска, на прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека ја поддржува иницијативата што вчера до Собранието ја поднесе Сојузот на синдикатите за намалување на функционерските плати.

– Ја поддржуваме иницијативата, се дебатира на темата, која на синдикатите и на работниците им создава немир, и јас ги разбирам, треба да дебатираме на темата. Апсолутно поддржуваме иницијатива, јас лично и целата пратеничка група, и тоа нека биде јасно дека е партиски став – ние сме за намалување на функционерските плати. Затоа што и тука го врзувам одговорот со следното прашање: не може одредени категории граѓани да имаат немир и да имаат проблеми. Улогата на Владата е да им излезе во пресрет на сите – рече Филипче.

Во однос на протестите на одредени групи граѓани за одземање возила без возачка дозвола, рече дека прекршувањето на законот не смее да се толерира, меѓутоа мора да се разговара со луѓето, да се види кои се проблемите и да им се понудат решенија за да може системот да функционира. Тој демантира дека СДСМ стои зад организирањето на овие протести истакнувајќи оти за нив разбрал од медиумите.

На новинарско прашање за позицијата на земјата во однос на ЕУ и дека е зголемена поддршката за влез во ЕУ, но дека мал број граѓани се за промена на Уставот, рече оти е сигурен дека ќе помине некое време во кое ќе бидеме среќни што сме го имале францускиот предлог на маса и оти ќе ни биде жал што не сме го прифаиле она што е понудено од ЕУ.

– Тоа што само 11 проценти од граѓаните ги прифаќаат уставните измени, за мене е еден од сигналите дека навистина се информирани во огромен процент, за жал, од центри за информација што шират лажни вести. Кога ќе ја прашате и власта, никој нема против уставните измени сами по себе, никој нема против Бугарите во Уставот, стравувањата се дека потоа, откога ќе се отворат поглавјата, ние повторно можеме да се соочиме со некои непринцпиелни барања, кои задираат во нашите идентитетски определби, и на тој начин да имаме проблем. Тоа никој не го прифаќа, тоа и ние не го прифаќаме. Затоа јас ја дадов предлог-резолуцијата за која, за жал, ниедна партија досега не одговори – рече тој.

Потсети дека таму било наведено оти треба да се обединиме за нашите црвени линии и за она што ние не преговараме, а оти немаат проблем да има уставните измени бидејќи тогаш ќе се отворат поглавјата и оти тогаш ќе почне вистинското реформирање на законите, а најважно, како што рече, ќе се отворат европските фондови, од кои бенефит ќе имаат граѓаните.

– Ако повторно се соочиме и тогаш со ситуација на блокада, повторно имаме механизми да разговараме, ние сме се договориле дека за тоа не дебатираме, за нашите идентетски одредници, кои и сега никако не се загрозени – рече тој.

Според него, не се само уставните измени во францускиот предлог-услов, туку еден од чекорите што треба да се направи е отворање на досиејата на тајните служби посочувајќи дека тоа го направиле сите поранешни социјалистички земји пред да се приклучат кон ЕУ.

Continue Reading

Претходно: КС Групацијата со поддршка за најдобрите работници на ЈЗУ УК за Пулмологија и Алергологија
Следно: Филипче: Преку ребаланс може да се обезбедат и до 200 милиони евра за плати

Поврзани вести

dsc_5672-2-1536x1131
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер

Димитар Петковски 08/09/2026 13:13
1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер dsc_5672-2-1536x1131 1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер

08/09/2026 13:13
Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија 1 polaganje cveke 2
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

08/09/2026 10:32
Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава Vlen 3
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

08/09/2026 08:36
Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава Venko Filipce 4
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

08/09/2026 08:35
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации vmro-dpmne 5
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

08/09/2026 08:34

Можеби сте пропуштиле

dsc_5672-2-1536x1131
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер

Димитар Петковски 08/09/2026 13:13
1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
Venko Filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

Шеталиште 08/09/2026 08:35

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани