Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Некатегоризирано

Филипче ја презентира новата предлог-програма на СДСМ, предвидува нула корупција и зголемени плати и пензии

Шеталиште 27/03/2026 15:45
venko-filipche

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на брифинг со медиумите ја презентира новата предлог-програма на СДСМ, од која, како што посочи, треба да произлезе новата програма на партијата во следниот период.

Тој истакна дека финалната верзија на програмата ќе треба да произлезе преку инклузивен процес и широка дебата со членството, граѓаните и експертите, а ќе биде презентирана и усвоена на програмскиот конгрес на СДСМ, што ќе се одржи на 7 јуни.

Предлог-програмата на СДСМ содржи над 20 точки, со која се адресираат и повеќе категории граѓани, кои, според Филипче, со оглед на новиот начин и современите текови на живот, се маргинализирани во општеството.

Првата точка е „Дом за сите“, со која планираат промена на станбената политика, од една страна, и развојната политика, од друга, првиот дом да биде без данок, данокот на промет да се укине до 35 години за да може младите да го купат својот прв дом.

– Македонските градови се празни, тие се без луѓе, има сè повеќе станови, а сè помалку домови. Просторот е за живеење, домот треба да е спокоен. Решението е во целосна промена на парадигмата преку интеграција на станбената политика, од една страна, и развојната политика, од друга. Нашите предлог-чекори се прв дом без данок – целосно се укинува данокот на промет на сите до 35 години, кои купуваат свој прв дом. Понатаму, покрив над главата со 1%, зелени и модерни згради, итен фонд за покриви и фасади и клуч на рака за млади, како и праведни даноци – рече Филипче.

Понатаму, „Праведни даноци“, со што, меѓу другото, предвидуваат поевтина храна, оданочување на луксузот. „Енергетска автономија“ е третата точка, според која Филипче рече дека се предвидува енергетски суверенитет, зелена правда, како и ставање крај на партиските фирми.

Тој како следни точки од програмата ги наведе – „Паметна индустријализација, силна економија“, „Плати, пензии, правда“, „Соживот без уцени“, „Македонски идентитет, потврден и траен“, „Македонски мултилатерализам“, „Челична безбедност, национален спокој“.

Меѓу точките од програмата тој ги наведе и „Нула корупција“, како и точки што ќе ги опфатат, како што рече, младите, работниците, пензионерите, посочувајќи оти тие не нудат само бројки, туку и нов социјален договор.

– Нула корупција преку Европско обвинителствo. Правдата во Македонија е заробена од корумпираните центри на моќ, кои преку системска ерозија на институциите го приватизираат јавното добро. Наместо владеење на правото, на сцена имаме институционална несигурност, која ги дестимулира стратешките инвестиции и создава економски амбиент со висок ризик – рече тој.

Според него, нивната визија е од премин од пасивна контрола кон автоматизиран интегритет, каде што дигиталните протоколи го оневозможуваат дискреционото право како извор на мито.

– Со врзување на напредокот во преговорите со ЕУ со реална испорака на правдата, создаваме систем, кој ја наградува чесноста, а ја дигитализира одговорноста. Оттука, фронт со Европското обвинителство за нула корупција – рече тој додавајќи дека програмата предвидува оперативен фронт со Европското обвинителство, предвремено затворање на „фундаментите“, паметни протоколи во администрацијата, алгоритамска проверка на тековите на капитал и институционален гарант за интегритет.

Во однос на социјалата, истакна дека економијата е за луѓето, не за газдите, и затоа не нудат само бројки, туку сосема нов социјален договор.

Мерката, според него, предвидува пораст на платите на работниците и 50 отсто поголеми пензии.

– Ако профитот на фирмата расте, мора да расте и платата на работникот. Државата веќе нема да биде само нем набљудувач, туку партнер што ги наградува фер компаниите, а ги казнува оние што профитираат на туѓа мака. Државата го намалува својот даночен дел на фирмите што ги качуваат платите. Наместо во буџетот, парите завршуваат директно кај работинкот – рече тој.

Додаде дека со нивната програма предвидуваат пензиите да бидат во чекор со поскапувањето на храната или да пораснат платите истакнувајќи дека гарантираат 50 отсто раст на сите пензии по само еден мандат.

Филипче се осврна и на поскапувањата на цените на храната истакнувајќи дека за само три месеци растот на цените се зголемил за речиси 2.500 денари месечно, според официјалните податоци на Сојузот на синдикатите.

– Вредноста на минималната синдикална кошничка изнесува 68.000 денари. Со овие цени, и премиерот и Владата, мора да знаат, но очигледно немаат контакт со реалноста, дека не може да се преживее. Недоволни се мерките што ги предложија за намалување на ДДВ-то на горивата. И затоа, откако одбија да се зголеми минималната плата на 600 евра, во услови кога и таа е сега недоволна, мора да се прифататат нашите мерки – не само намалување на ДДВ на горивата,од 18 на пет проценти, намалување од пет на 0 проценти на ДДВ на основните прехранбени проиизводи, преполовување на патарините и намалување на акцизите за 4 денари за литар гориво затоа што само така граѓаните ќе почувствуваат вистинско намалување на цените на горивата – рече тој.

Оцени дека Владата задоцнила и не почнала навреме и оти со мерките што ги предлагаа ништо нема да се смени. Според него, загрижувачки е и падот на индустриското производство во јануари 2026 во споредба со јануари 2025 за 6,6 проценти во повеќе сектори според за Заводот за статистика, како и падот на странските инвестиции.

Филипче одговарајќи на новинарски прашања во однос на тоа дали внатре во партијата ги надминале разликите, и кога ќе се реализира постапката за исклучување на Петре Шилегов од членството, рече дека тој ги почитува различните мислења и оти не е вистина дека има авторитарен систем на одлучување во СДСМ.

-Секогаш има спротивставени мислења и секогаш се отвора широка дебата со сите кои имаат различни мислења и од тие различни мислења ние ги креираме политиките. Се наметнува мислењето дека тука се наметнува некој авторитарен систем на одлучување, на водење на партијата но тоа не е така и тоа е далеку од вистината. Мојот демократски капацитет, слух за туѓи мислења и прагот на толеранција е висок, затоа што сметам дека само така може да се води и партија и држава, рече тој.

Според него, единствена партија која има автократски манири е ВМРО-ДПМНЕ и оти тоа е единствена партија што нема потпретседатели.

-Ние тоа го најавивме одамна, има повеќе од една година кога укажувавме како ќе се движи оваа држава. Сега ја води една целосно недемократска власт, коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, чиишто лидери имаат многу слични карактеристики. Едниот ја предаде партијата, Максим Димитриевски, а Мицкоски ја предаде државата. И двајцата не живееле од плата, и двајцата обожаваат тендери, и двајцата ме напаѓаат и мене и СДСМ – едниот преку некаква платформа, другиот преку Српска листа. А тоа што е заедничко за двајцата е лагата – двајцата лажат и ништо друго, оцени Филипче.

Фото: СДСМ

Извор: МИА

 

Continue Reading

Претходно: Во Битола заврши реализацијата на проектот „Младински политики по мерка на младите“
Следно: Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Поврзани вести

image-249416
  • Некатегоризирано

Денеска се празнува Благовештение на Пресвета Богородица – Благовец

Шеталиште 07/04/2026 06:10
8 mladinski politiki
  • Некатегоризирано

Во Битола заврши реализацијата на проектот „Младински политики по мерка на младите“

Шеталиште 27/03/2026 15:44
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Некатегоризирано

Возачите во Европа први на удар, цените на горивата дивеат по нападите на Блискиот Исток

Шеталиште 19/03/2026 11:37
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Куп МК: ГФК Охрид Лихнидос и Силекс во реваншот ќе решаваат за пласман во финалето 57_alikj-adi_sileks-1536x1112 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп МК: ГФК Охрид Лихнидос и Силекс во реваншот ќе решаваат за пласман во финалето

22/04/2026 13:02
Вардар и АП Брера полуфиналисти во младинските категории dsc_0110-1536x1078 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар и АП Брера полуфиналисти во младинските категории

22/04/2026 12:58
Во центарот на Прилеп нова „депонија“ – се очекува надлежните да излезат на терен 1000613319 3
  • Прилеп инфо

Во центарот на Прилеп нова „депонија“ – се очекува надлежните да излезат на терен

22/04/2026 11:08
Повик за средношколци да пишуваат текстови за Википедија на македонски јазик и да се натпреваруваат 20260422123521_big_730x400_12 4
  • Македонија

Повик за средношколци да пишуваат текстови за Википедија на македонски јазик и да се натпреваруваат

22/04/2026 10:43
Спорните кашички на HiPP ги нема во Македонија, велат од АХВ hipp 5
  • Македонија

Спорните кашички на HiPP ги нема во Македонија, велат од АХВ

22/04/2026 10:37

Можеби сте пропуштиле

IMG_2865
  • Култура
  • Настани

„Низ детските очи“, книга за деца од новинарката Маја Богоевска

Шеталиште 22/04/2026 13:08
57_alikj-adi_sileks-1536x1112
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп МК: ГФК Охрид Лихнидос и Силекс во реваншот ќе решаваат за пласман во финалето

Димитар Петковски 22/04/2026 13:02
dsc_0110-1536x1078
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар и АП Брера полуфиналисти во младинските категории

Димитар Петковски 22/04/2026 12:58
1000613319
  • Прилеп инфо

Во центарот на Прилеп нова „депонија“ – се очекува надлежните да излезат на терен

Шеталиште 22/04/2026 11:08

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани