Финалниот натпревар од Купот на Македонија во женска конкуренција се игра денеска со почеток од 15:00 часот на стадионот во Ѓорче Петров во Скопје и се сретнуваат струмичката Тиверија Брера и Саса од М.Каменица.
За главен судија е делегиран Марјан Дејаноски од Кичево, а негови асистенти ќе бидат Вјолца Изеири од Гостивар и Ангела Домазетовска од Битола.
Улогата на четврти судија му е доверена на Фуркан Идризи.
Во ВАР собата ќе бидат Никола Костенчев од Скопје како ВАР судија и Дарко Видиниќ од Скопје како АВАР судија, додека оператор ќе биде Петар Стојановски од Скопје.
За контролор на судењето е назначен Ѓорѓи Карајанов од Гевгелија, а делегат на натпреварот ќе биде Сашо Стојановски од Македонски Брод.

