Денес македонскиот фудбалски првак ФК Вардар на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го игра првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите против финскиот КуПС.
По припремите на вардарци во Италија, новиот тренер Кристијан Фабијани со меидумите пред мечот изјави:
Дојде моментот кој долго го чекавме по подготовките во Италија и со нетрпение чекаме да излеземе на терен. Задоволен сум од подготовките, иако сум кратко тука и немавме многу долго време. Ќе се соочиме со тим кој е во натпреварувачка форма, игра одлично и знаат да играат со топка. Ние ќе се обидеме да ги притиснеме на нивната половина и да одиграме најдобро што можеме. Екипата е спремна, на терен ќе излезе тој што е најмногу подготвен и тоа ќе биде познато утре. Веќе три месеци сум во Вардар, очекувањата се големи, но мислам дека сè уште не сме на 100 посто од нашите можности – изјави Фабијани на денешната прес-конференција.
Еден од подобрите играчи на Вардар, Азер Омерагиќ, кој ланската сезона по освоената титулата, беше најдобар стрелец на ФК Вардар со 14 погодоци. Сега ќе се обиде да ги тресе противничките мрежи и на меѓународната сцена ова лето:
Го искористивме периодот во Италија максимално, ова е голем мотив затоа што после долго време играме квалификации во Лига на шампионите. Ќе играме напаѓачки и сакаме да победиме. Прво мислиме на натпреварот дома, а ние секогаш го даваме максимумот – изјави младиот Азер Омерагиќ.
ФК Вардар вечерва со почеток од 19 часот го пречекува финскиот шампион КуПС .


