Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Вардар“ е шампион на Македонија по шест години: „црвено-црните“ ја освоија 12. титула (Фото)

Димитар Петковски 24/05/2026 05:34
IMG_20260524_073716_859

Фудбалерите на Вардар триумфално ја завршија сезоната во Првата лига и со победа од 3-0 во дуелот против најголемиот конкурент Шкендија Тетово го прославија враќањето на тронот во македонскиот фудбал. За Вардар ова е прв шампионски трофеј по пауза од шест години, а вкупно 12. во клупската историја.

Новиот шампион поведе во 22. минута кога Нуман Ајетовиќ ја погоди сопствената мрежа. Во 36-тата, Горан Закариќ зголеми на 2:0, а триумфот го потврди Бобан Николов со голот постигнат на девет минути пред крајот на натпреварот.

Шкендија имаше можност да го постигне почесниот погодок, но Лиридон Љатифи во два обида не успеа да реализира удар од 11 метри.

По првиот пенал одлично реагираше голманот на “црвено црните”, Давор Талески, кој успеа да го одбрани и вториот шут откако судијата Бенјамин Ќерими донесе одлука ударот да се повтори.

Новиот шампион на Македонија, сезоната ја заврши со 80 бода, шест повеќе од Шкендија. Избраниците на Гоце Седлоски забележаа 25 победи и пет нерешени резултати и само два пати ја почувствуваа горчината на поразот.

Најефикасен во редовите на првакот е Азер Омерагиќ со 14 гола, Мато Роџерс кој си замина од екипата на полусезоната 12 пати се запиша меѓу стрелците, а на третото место со 11 погодоци е Горан Закариќ.

Фото ФФМ

Continue Reading

Претходно: Саботно „корзо“ на битолчани (23.05.2026)
Следно: ФК Башкими: Очекувамe eфикасен меч и шанса за младите фудбалери

Поврзани вести

enis-bardi-instagram
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Капитенот Енис Барди се огласи по четирите порази во Лигата на нациите (Фото)

Димитар Петковски 09/10/2026 05:06
798ff3dd-15d4-db1d-2107-36fa593314ad
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Кузмановски со 15 погодоци лидер на Еурофарм Пелистер кој испушти победа на гостувањето во Полска

Димитар Петковски 06/10/2026 21:45
img_4013-1536x1135
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поразена по четврт пат во Лигата на Нации, Швајцарија ги искористи нашите грешки

Димитар Петковски 06/10/2026 21:18
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 1
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57
БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога image (12) 2
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

09/10/2026 08:51
Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени 20261009093329_big_730x400_98 3
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

09/10/2026 07:56
Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап 20261009093754_big_730x400_97 4
  • Битола инфо

Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап

09/10/2026 07:52
Продолжен викенд пред нас, следува уште еден znamee-1 5
  • Македонија

Продолжен викенд пред нас, следува уште еден

09/10/2026 07:44

Можеби сте пропуштиле

prilep-programa
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

Шеталиште 09/10/2026 14:57
1_-_
  • Промо

Од идеја до реализација: Октомври е за следниот бизнис чекор

Шеталиште 09/10/2026 11:24
image (12)
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

Шеталиште 09/10/2026 08:51
20261009093329_big_730x400_98
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

Шеталиште 09/10/2026 07:56

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани