Иван Варадиновски денес e промовиран за нов стратег за ФК Новаци. 37-годишниот тренер изминатава сезона го предводеше составот на ФК Кожув, но од денес е официјално нов тренер на Новаци.

По заминувањето на сега веќе екс тренерот, Дарко Крстески раководството на Новаци брзо реагираше пронајде замена во името на младиот Варадиновски, кој е екс тренер на екипите: Кожуф, Детонит, Саса и Пехчево. Новчани можат да се пофалат со директен опстанок во минатата сезона во ВМФЛ.

