Денес ФК Пелистер го назначи Димитар Митревски за нов претседател, со кој почнува и новиот проект за сезоната 2026/27. По оставката на претходното раководство на клубот и стручниот штаб, прва задача на акционерот – Општина Битола беше изборот на нов претседател.
Единствен и за нас најдобар кандидат за претседателското место, на наше задоволство, прифати да го предводи проектот и заеднички да се обидеме да го вратиме клубот во самите височини на македонскиот фудбал.
Митревски има 45 години, зад себе остварил успешни проекти од сферата на маркетингот и спортот, а во јавноста најпознат е по раководењето на РК Еурофарм Работник и РК Еурофарм Пелистер.
Тој веднаш ќе започне со работа и наскоро ќе го објави планот за работа и новиот шеф на стручниот штаб, како и стартот на подготовките и планот на припреми ова лето.

