Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер забележа рутинска победа над Башкими, мислите кон бараж наптреварот!

Димитар Петковски 24/05/2026 19:27
FB_IMG_1779650817274

Екипата на Пелистер забележа сигурна и рутинска победа на домашен терен, совладувајќи го  Башкими на стадионот „Петар Милошевски“ co 1-0. Битолчани уште од самиот старт наметнаа силно темпо и висок притисок, а таквата офанзива за малку ќе донесеше експресно водство. Се играше 5-тата минута од натпреварот кога Ристовски одлично се снајде во шеснаесетникот и со удар со глава ја затресе гостинската мрежа. Сепак, радоста на „зелено-белите“ траеше кратко, бидејќи по интервенцијата од ВАР-собата, погодокот беше поништен поради офсајд.

Домашните фудбалери не се обесхрабрија и продолжија да го напаѓаат голот на Башкими. Најпрво Булатовиќ се закани со незгоден удар од 17 метри кој помина за малку покрај стативата, а набрзо потоа и Ивановски со глава го стави на маки гостинскиот чувар на мрежата, кој со крајни напори успеа да улови жива топка.

Клучниот момент во првиот дел се случи во 24-тата минута. Дефанзивецот на Башкими, Личина, направи кардинална грешка во сопствената одбрана, која веднаш ја прочита Ристовски. Тој брзо реагираше и несебично асистираше до Србијанац, кој со хируршки прецизен и неодбранлив удар ја погоди мрежата за 1-0.

Само пет минути подоцна, во 29-тата минута, Пелистер имаше златна шанса да ја удвои предноста и да го реши натпреварот. По едно брзо изведено слободен удар, Булатовиќ мајсторски го лобуваше истрчаниот голман на гостите, но немаше среќа бидејќи топката заврши во стативата. До крајот на полувремето домашните напаѓачи се обидоа уште неколку пати, но резултатот остана непроменет.

Во второто полувреме, тактиката на Пелистер се промени. Битолчани свесно се повлекоа на својата половина со цел паметно да го менаџираат водството, дозволувајќи му на Башкими да ја преземе иницијативата на теренот.

Сепак, најзрелите шанси во продолжението повторно беа во режија на домаќините преку брзи контранапади. Финишот од мечот донесе комплетна офанзива на Пелистер за заверка на победата. Во 84-тата минута, Булатовиќ испрати вистински проектил кон голот, но Стојковски со бравурозна парада спаси чист погодок. Само пет минути подоцна, во 89-тата минута, во шанса се најде и Петровиќ, кој одлично проби по крилната позиција и силно биеше, но гостинскиот чувар на мрежата повторно беше на вистинското место и не дозволи изненадување.

Со овие три бода, Пелистер се зацврсти на 8-мото место на табелата со вкупно 40 бода. Башкими останува на 7-мата позиција со 42 бода.

Continue Reading

Претходно: Секуловски: Ние мора да продожиме дисциплинирано во претстојните мечеви,меѓу кои и на денешниот против Башкими
Следно: Македонската репрезентативка ја освои шампионската титула во шампионатот на Чешка (Видео)

Поврзани вести

190726-fenomenot-ronaldo-mesi-e-genijalec-koj-natera-i-brazilci-da-navivaat-za-argentina-1
  • Фудбал

Шесте рекорди на Меси за 80 минути

Шеталиште 17/06/2026 07:29
160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

Димитар Петковски 16/06/2026 09:34
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега policija-8 1
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

17/06/2026 14:55
Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица Screenshot 2026-06-17 123422 2
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

17/06/2026 13:00
НБРМ ја зголеми основната каматна стапка 1-denari-pari-1 3
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

17/06/2026 12:48
Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски sv-mitrofan 4
  • Македонија

Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

17/06/2026 07:19
Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер Oblacno-vreme-vo-skopje 5
  • Македонија

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

17/06/2026 07:18

Можеби сте пропуштиле

policija-8
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

Шеталиште 17/06/2026 14:55
img-89e590f70cfd8cba5dc679aafdbe70e1-v-696x522
  • Настани

Работилница за мозаик за млади во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Шеталиште 17/06/2026 14:54
Screenshot 2026-06-17 123422
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

Шеталиште 17/06/2026 13:00
1-denari-pari-1
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

Шеталиште 17/06/2026 12:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани