ФК Пелистер со убедлива победа од 7-0 над последно пласираниот Шкупи, денес во рамките од натпревар од 31. коло, на стадионот “Петар Милошевски” во Битола.

Фенерџијата Шкупи одамна е веќе со мислите од Втората фудбалска лига на Македонија и е испаднат од елитата,но сепак мора чесно да се доигра сезоната. Домаќините првиот гол по постигнаа во 25. минута. преку Филип Петровиќ. Од 30. до 44. минута, Петар Петковски,постигна два голови за “зелено-белите, како и уште едно дело на Ф.Петрович во 39. за да ФК Пелистер поведе со 4-0 во првиот дел.
Во второто полувреме пелистерци на радост на сите пристуни на стадионот Петар Милошевски го постигнаа и петтиот гол во 70. минута кога младиот Јован Мрмачовски беше стрелец на 5-тиот гол. Пресно влезениот, Михајло Петровиќ, го направи своето ‘сефте’ за високи 6-0. За убедливи 7-0 и негов хек-трик, Филип Петровиќ, со прекрасен погодок го запечати и конечниот резултат на денешниот најефикасен ден на македонските фудабалски терени.
ФК Пелистер со оваа победа имаат 36 бода и се осмопласирани, во следното коло ФК Пелистер гостува кај Тиквеш во Кавадарци и во последното коло го пречекува Башкими.

