Фудбалерите на ФК Пелистер под водство на Марјан Секуловски – Мане ја победија Македонија Ѓорче Петров со 2-0, полувреме 0-0.
Зелено-белите на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола добро го почнаа натпреварот неколку шанси во првото полувреме но гостите успеаја да останат без примен гол.
Најголемата закана од гостите дојде од Ајдоган кога упати ефектен удар кон голот на Пелистер но одличниот голман Андреј Јовчевски беше на висина на задачата. Пред самиот крај на првиот дел Кире Ристевски биеше со глава но недоволно да го загрози голманот на Македонија Ѓорче Петров.
Вториот дел започна го знакот на ФК Пелистер која иницијатива ја претвори во гол, Мирко Ивановски во 60-тата минута од мечот, во акција и асистенција на Керим. Гостите од Ѓорче Петров добија црвен картон,исклучен беше Гереро.
Во 71-вата минута Србијанац постигна прекрасен гол голема далечина за 2:0.
Марјан Секуловски тренерот на Пелистер го освежи својот ростер и во игра ги стави младите Ангелевски и Мрмачовски во 80-тата минута од мечот нешто. Петковски имаше шанса да зголеми на 3-0 во 82-рата минута но не успеа како и претходно во 76-тата кога по асистенција на Спировски имаше исклучителна можност да се запише во листата на стрелците за битолчани.
ФК Пелистер сега се наоѓа на 9. место со 29 бодови, позиција која води во бараж, додека Македонија ЃП останува во опасната зона со 24 бодови. Наредните два дуели на зелено-белите се на гостински терен во Струмица и Скопје против екипите на АП Брера и Работнички.
фото Пелистерфк

