Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Фондот ги побара податоците од сите ЈЗУ до понеделник, следната недела исплата на плати

admin 16/02/2023 00:00
fzom-1

Фондот ги побара податоците од сите ЈЗУ до понеделник, очекуваме следната недела да почне исплатата на платите за здравствените работници.

ФЗОРМ ја известува јавноста дека во координација со јавните здравствени установи, се очекува потребната документација за исплата на плати да се прибере најдоцна до понеделник, а со цел што поскора исплата на платите на здравствените работници. Доколку сите ЈЗУ го исполнат овој рок, согласно протоколот за исплата на плати, исплатата се очекува да биде веќе наредна недела, соопштија од Фондот за здравствено осигурување.

– Во оваа прилика, Фондот им се заблагодарува на сите здравствени работници за трпението и апелира за понатамошна соработка, имајќи предвид дека техничките тимови работат постојано и секојдневно, се наведува во соопштението.

ФЗОРМ ја уверува јавноста дека ги користи сите расположливи капацитети и знаењата на сите внатрешни и надворешни ИТ експерти за кои има правна можност, а со привремените решенија кои Фондот ги операционализира во кус рок, се надминуваат дел од проблемите, особено и се овозможува функционирање на системот во услови на сајбер напад.

– Во оваа прилика би сакале да ја искористиме можноста и повторно да потврдиме дека анализата на експертските технички тимови утврди дека при сајбер нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот. Воедно напоменуваме дека, во однос на исплатата на боледувањата, породилното отсуство и рефундацијата, со ставање на системот во целосна функција ќе бидат исплатени сите обврски на ФЗО кон осигурениците, но и кон здравствените установи. Подрачните служби на Фондот функционираат согласно препораките и во континуитет ги примаат барањата, а контролорите од ФЗОРСМ веќе и започнуваат со контроли на терен врзани со спроведувањето на сите споделени упатства и насоки за работење, се посочува во соопштението.

Од Фондот наведуваат дека сите осигуреници непречено можат да се обратат до подрачните служби кои се достапни и телефонски преку јавно објавени линии за информации за осигурениците, и да добијат информации во врска со сите решенија кои се усогласени со матичните лекари, а преку кои осигурениците можат да ја остварат здравствената заштита.

– Фондот навремено и постојано ќе ја информира јавноста за сите нови утврдени информации кои се од интерес на граѓаните, се посочува во соопштението.

Continue Reading

Претходно: РЕК „Битола“ започна со мини ремонт на Блок 2
Следно: Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведени две лица

Поврзани вести

Komarec
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

Шеталиште 14/08/2026 14:27
Rakomet-pretsedateli
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

Димитар Петковски 14/08/2026 11:54
pozar2-960x540-1
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

Шеталиште 14/08/2026 11:27
bouzouki band
300 X 300
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје Komarec 1
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

14/08/2026 14:27
Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034 Rakomet-pretsedateli 2
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

14/08/2026 11:54
Се гаснат шест пожари, под контрола два pozar2-960x540-1 3
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

14/08/2026 11:27
Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите img_7182-1024x576 4
  • Битола инфо

Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите

14/08/2026 10:36
МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција 20260814104056_big_730x400_47 5
  • Балкан

МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција

14/08/2026 09:56

Можеби сте пропуштиле

Komarec
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

Шеталиште 14/08/2026 14:27
Rakomet-pretsedateli
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

Димитар Петковски 14/08/2026 11:54
pozar2-960x540-1
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

Шеталиште 14/08/2026 11:27
img_7182-1024x576
  • Битола инфо

Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите

Шеталиште 14/08/2026 10:36

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани