Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Формиран Меѓуопштински одбор за управување со отпад за југозападниот и пелагонискиот регион

Шеталиште 10/12/2025 12:32
Odbor

Во организација на SALAR International, а во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање денеска четиринаесет градоначалници го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) за југозападниот и пелагонискиот регион, соработка која, според министерот за локална самоуправа Златко Перински, се воспоставува заради заедничко вршење на работи од надлежност на општините и остварување на заеднички интереси и цели.

Перински нагласи дека меѓуопштинската соработка е реална потреба која произлегува од барањата на самите општини и претставува основа за подобрување на јавните услуги и заштита на животната средина.

-Една од клучните цели на ресурсниот центар што го поставивме е да ја поттикнеме и задржиме оваа соработка. Новоформираното тело не е само формална структура, туку механизам за заедничко делување, организирање и носење одлуки, потенцира Перински, честитајќи им на двата региони – Југозападен и Пелагониски,  за чекорот кон почисти општини и похуман однос кон животната средина.

Министерот оцени дека формирањето на МОУО е стратешки чекор напред и темел за развој на целосно функционален регионален систем за управување со отпад, кој ќе донесе подобри резултати за општините и граѓаните.

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, истакна дека проектот за управување со отпад е еден од капиталните проекти на Владата и дека започнува нова фаза на реализација.

-Во изминатата година заедно со градоначалниците и со нашите соработници постигнавме многу. Сега започнуваме со нов проект, навистина имаме многу предизвици. Можеби локалните избори донесоа одредени промени, но сметам дека сега е вистинскиот момент да продолжиме, нагласи Лашкоска.

Таа информираше дека за кратко време општините постепено ќе ги добијат потребните возила и ресурси за функционирање.

-Ајде да бидеме генерацијата која ќе ја направи оваа промена во државата и ќе започне да го решава проблемот со отпадот. Ако во овој регион имаме успешна приказна, тоа ќе се преслика на целата територија на државата, заклучи заменик-министерката.

Според Душица Перишиќ, извршна директорка на ЗЕЛС оваа меѓуопштинска соработка треба се спроведе на начин како што треба да фунционира управувањето со отпадот, а со цел да се спречи загадувањето на воздухот, водата и почвата.

-Да обезбедиме дека горењето на отпадот ќе престане, а луѓето ќе живеат во чиста средина и ќе пијат чиста вода, истакна Перишиќ.

Програмскиот директор на SALAR International, Лена Фалкон, потенцира дека формирањето на одборот значи воспоставување на одржлив систем за управување со отпад, усогласен со европските стандарди.

-Целта е да се подобри животот на граѓаните и услугите што општините ги обезбедуваат, да добиеме почиста животна средина и да се реши проблемот со незаконските депонии. За да се постигнат овие резултати, мора да се воспостави регионален систем за управување со отпад, истакна Фалкон.

Договорот за воспоставување на МОУО го потпишаа градоначалниците на Новаци, Битола, Прилеп, Кичево, Охрид, Пласница, Струга, Крушево, Могила, Кривогаштани, Вевчани, Демир Хисар, Македонски Брод и Долнени.

Фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Ракометен спектакл во Битола помеѓу Е.Пелистер и Вардар
Следно: Јанкуловски: Владата го планира Буџетот врз основа на сериозни проекции, во 2026 е планиран попис во земјоделството

Поврзани вести

сончево-есен
  • Македонија

Температури до 20 степени, но со засилен ветер

Шеталиште 15/10/2026 06:03
20261014163242_big_730x400_69
  • Македонија

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“

Шеталиште 15/10/2026 06:02
20261014155901_big_730x400_49
  • Македонија

Одбележување на Меѓународниот ден на белиот стап на тема: „Правото на независно живеење, од бел стап до пристапна средина“

Шеталиште 15/10/2026 06:01
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО од мај поради фискалните превирања во Франција evra-pari-evra 1
  • Економија

ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО од мај поради фискалните превирања во Франција

15/10/2026 09:20
Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун serafimovski-2 2
  • Прилеп инфо

Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун

15/10/2026 09:19
Паднаа акциите на Волстрит nasdaq-berza 3
  • Економија

Паднаа акциите на Волстрит

15/10/2026 06:24
Температури до 20 степени, но со засилен ветер сончево-есен 4
  • Македонија

Температури до 20 степени, но со засилен ветер

15/10/2026 06:03
Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ 20261014163242_big_730x400_69 5
  • Македонија

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“

15/10/2026 06:02

Можеби сте пропуштиле

evra-pari-evra
  • Економија

ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО од мај поради фискалните превирања во Франција

Шеталиште 15/10/2026 09:20
serafimovski-2
  • Прилеп инфо

Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун

Шеталиште 15/10/2026 09:19
nasdaq-berza
  • Економија

Паднаа акциите на Волстрит

Шеталиште 15/10/2026 06:24
сончево-есен
  • Македонија

Температури до 20 степени, но со засилен ветер

Шеталиште 15/10/2026 06:03

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани