Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Фотографии што го промовираат спортот од млади автори од Западен Балкан претставени на патувачка изложба

Шеталиште 15/07/2025 13:02
Screenshot 2025-07-15 at 14.53.44

Во Јуроп хаус во Скопје денеска беше отворена изложба „Три, четири, сега! Европа е наша!“ која презентира фотографии на млади автори од шесте земји на Западен Балкан. Изложбата е заокружување на регионалниот фотонатпревар на кој на објавен конкурс учествувале речиси 200 фотографии, во рамките на кампањата „Три, четири, сега! Европа е наша!“ на WeBalkans – иницијатива на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) при Европската комисија.

Претставени се 18 најдобри фотографии со заедничка тема – спорт, по три од млади таленти од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора, избрани од стручно жири. Нашата држава е преставена со фотографии направени од Илина Пулејкова, Тони Манев и Стефан Катранѓиски.

Изложбата патува низ Западен Балкан – почна од Приштина, ги посети Подгорица и Белград, неколку дена ќе престојува во Скопје, ќе продолжи во Маглај (БиХ), ќе се врати во нашата земја за да биде поставена во „Јуроп хаус“ во Струга, по што ќе ја посети Тирана и ќе заврши во Косово.

По завршувањето на сите изложби во регионот, во август ќе следува онлајн-гласање на WeBalkans  за да се изберат шест најдобри фотографии – по една од секоја земја, и на почетокот на септември тие ќе бидат презентирани на завршен настан во град од Европската Унија.

Во присуство на голем број млади луѓе од Западен Балкан, изложбата официјално ја отворија Александар Меламед од прес-одделот во Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, и Самра Лучкин, координатор на кампањи и менаџер за стратешки комуникации од WeBalkans. Изложбата се отвора во пресрет на Европскиот младински олимписки фестивал што ќе се одржува овој месец во Скопје и Куманово.

Координаторката од WeBalkans, Лучкин, се осврна на идејата за кампањата „Три, четири, сега! Европа е наша!“ и подвлече дека се обидуваат да ја покажат креативноста на младите луѓе од регионот и да го претстават Западниот Балкан на најдобар начин.

-Обрнуваме многу внимание на младите, така што повеќето наши кампањи, како што е и оваа, се поврзани со младите и постојано ја вклучуваат младата публика … Со оваа изложба сакавме да ја предизвикаме нивната креативност и, без разлика дали користат мобилен телефони, фотоапарат и сл., да ги поттикнеме  да ја доловат убавината на спортот. Затоа што спортот е заедничко тло за сите нас, преку спортот се поврзуваме, тој е заеднички моментум. За нас беше добро да придонесеме кон тоа и да видиме што сè Западниот Балкан нуди во оваа смисла, бидејќи тука има многу талентирани луѓе, истакна Лучкин.

Претставникот од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Меламед, во обраќањето посочи дека заедничко за изложбата е спортот кој е, рече, „обединувачка сила која означува пријателство, фер конкуренција, почитување и најмногу забавата во играње игри и натпреварување“.

-Младите луѓе се движечка сила за позитивни промени. И во нашите членки на ЕУ и во идните земји членки на ЕУ, младите се големи сојузници на Европската Унија во развивањето на Европа која е најодржлива и најинклузивна. Преку изложбата и овој настан сакаме да пратиме јасна порака дека преку спортот градиме мостови, а преку мостовите остануваме поврзани. Со заедништво ја зајакнуваме Европа и само преку заеднуиштво можеме да победиме, истакна Меламед.

Жирито што ја направи претселекцијата на 18-те изложени од сите пристигнати фотографии е составено од претставници од шесте земји на Западен Балкан. Од нашата држава во жирито е вклучена новинарката Теодора Цветковска, која го сподели своето искуство за изборот на победнички фотографии од Северна Македонија.

-Тешко беше од сите пристигнати фотографии да се изберат три најдобри. Се надевам дека ќе и се допаднат на публиката секаде каде што ќе патуваат, рече Цветковска со порака дека фер играта е важен дел од спортот и од животот и дека „ако сакаме да негуваме европски вредности, токму спортот треба да ни биде пример“.

Претставувањето на изложбата во Скопје се организира во партнерство со Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Европскиот младински олимписки фестивал – кој овој месец ќе се одржува во Скопје и Куманово.

За подготовките на големиот спортски настан информираше Сара Глоговац од Секторот волонтери во МОК, која соопшти дека ќе има над 4000 учесници од 50 делегации и околу 700 волонтери од земјава и од Европа.

-Ова е прв спортски настан од толкава голема организација во Македонија, прв е во историјата. Прв спортски настан каде што Македонија ќе има 210 учесници. Досега на вакви младински игри сме учествувале со три до четири спортисти … Ќе имаме десет спорта во Скопје и четири во Куманово. Ве повикувам сите ако може да помогнете – дали со волонтирање или со бодрење од трибините, зашто поддршката ќе ни биде значајна. За два дена почнуваат да пристигнуваат делегатите, Скопје првпат во јули ќе биде живо. Дајте поддршка од трибините, влезот е бесплатен, рече Глоговац од МОК.

На настанот се обратија и Клое Кузигу  од Мрежата на волонтери, волонтерка од Франција со искуство од Летните олимписки игри во Париз минатата година, како и младата европска амбасадорка на Западен Балкан и шампионка во тенис од нашата земја,  Катарина Маринковиќ, која порача дека спортот гради пријателства, обединува и оти во спортот сите зборуваат ист јазик.

Фото: МИА

Continue Reading

Претходно: УКЛО објави оглас за запишување 751 кандидат на втор циклус студии
Следно: ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три

Поврзани вести

12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
20260902081224_big_730x400_22
  • Настани

Во КИЦ Битола изложба на скулптури ,,Торза’’ на македонскиот уметник Андреј Митевски

Шеталиште 02/09/2026 07:01
DSCF8819_resized
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Битола подготвена за првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“

Шеталиште 14/08/2026 08:50
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Четворица дебитанти на списокот на Миленкоски за ЕвроВолеј 2026 mazi-trening-14-photo-vangel-tanurovski-1024x659 1
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Четворица дебитанти на списокот на Миленкоски за ЕвроВолеј 2026

08/09/2026 04:58
ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија stadion-3-1536x1024 2
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

07/09/2026 14:07
Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично 3policija-420x240-138854-1 3
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

07/09/2026 11:07
Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар gorivo-pumpa-750x350-2 4
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

07/09/2026 11:04
Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд znamee-1 5
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

07/09/2026 07:58

Можеби сте пропуштиле

mazi-trening-14-photo-vangel-tanurovski-1024x659
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Четворица дебитанти на списокот на Миленкоски за ЕвроВолеј 2026

Димитар Петковски 08/09/2026 04:58
stadion-3-1536x1024
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

Димитар Петковски 07/09/2026 14:07
3policija-420x240-138854-1
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

Шеталиште 07/09/2026 11:07
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

Шеталиште 07/09/2026 11:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани