Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

ФОТО: Детски спектакл на трчањето во Битола

admin 10/06/2024 00:00
Messenger_creation_9b1a9107-ff37-41e1-92f1-35efd5c4f355

Битола викендов беше сведок на најмасовниот детски спортски настан во градот досега. Над 900 деца од 4 до 12 години во различни возрасни категории си ги измерија силите на детската трка МИНИ ТРЧАЈ БЕ која се организираше по втор пат.

Минатата година на инаугуративната трка учествуваа 380 учесници. Оваа година, тој број се зголеми речиси тројно, што ја одразува растечката популарност и влијанието на настанот. Децата се натпреваруваа во девет категории, трчајќи на растојанија меѓу 150 и 400 метри, олицетворувајќи го инспиративниот слоган на трката: „Мали чекори за големи соништа“.

„Децата сакаат да трчаат, иако возрасните често велат: Не трчај! Викендов тие мали чекори се претворија во големи соништа на патеката, докажувајќи дека секое дете е суперхерој во создавање„ – изјави Никола Димитровски, визионерот зад реномираната битолска градска трка ТРЧАЈ БЕ која на 22 септември ќе го има своето шесто издание, а со воведувањето на детската трка како идеја плус на посетоечката, имаат за цел да се негуваат новите таленти.
„Да не заборавиме што значи да се биде дете. Да им дадеме крилја и да ги поддржиме бидејќи тие се нашата иднината“ – истакна тој пред публиката која броеше над 2.000 посетители кои го окупираа градскиот парк од раните утрински часови.

Детската трка имаше подолг период медиумска кампања изградена околу идејата дека секое дете е суперхерој и е способно да постигне големи работи со вистинско охрабрување. Организаторот со поддршка на Атлетската федерација на Македонија на 12 основни училишта од градот им подари опрема за атлетика и 50 учесници од социјално ранливи семејства селектирана од страна на училиштата добија шанса бесплатно да учествуваат.

Примарната цел на детската трка е да се всади љубов кон физичката активност, да се постават лични цели и да се поттикне чувството на заедништво и достигнувања кај децата. Но и да го слави она што еден од најтрофејните атлетски клубови во Македонија со историски рекорди – АК ОЛИМП формиран во 1960год во Битола, а згаснат пред извесно време, беше возобновен токму од организаторите на ТРЧАЈ БЕ.
„Денес, новите спортски надежи на атлетиката од Битола никогаш не се враќаат од натпреварување без освоен подиум. Оттука детската трка е и замислена не само како натрпевар, туку како полигон за нови таленти и како прослава на нашите млади атлетичари и нивниот неограничен потенцијал. Сите победници на детската трка добија и бесплатно месечно членство во АК ОЛИМП“ – истакна организаторот.

Continue Reading

Претходно: Битолската „На дното“, „Домот на куклата“ на Турскиот театар и независната „Поол“ на МТФ „Војдан Чернодрински“
Следно: Од полноќ нова цена на горивата, поевтинува дизелот

Поврзани вести

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
pozar-loznani
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

Шеталиште 13/08/2026 21:49
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео) FB_IMG_1786658331932 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

13/08/2026 21:59
Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики mnr-1 2
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

13/08/2026 21:58
Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер pozar-loznani 3
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

13/08/2026 21:49
КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид FB_IMG_1786631968953 4
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

13/08/2026 15:18
Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија SFERA1 5
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

13/08/2026 11:43

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
mnr-1
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

Шеталиште 13/08/2026 21:58
pozar-loznani
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

Шеталиште 13/08/2026 21:49
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани