Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Фото-изложба на Сашо Ставрев: 45 години „Браќа Манаки“ во објективот на еден хроничар на филмската магија

Шеталиште 04/11/2025 17:08
IMG_7262

Во Кристалната сала на КИЦ – Офицерскиот дом во Битола, битолскиот фотограф Сашо Ставрев ја отвори својата антологиска фото-изложба посветена на 45 годишнината од Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Изложбата, која содржи повеќе од 500 фотографии распоредени низ 28 паноа, претставува визуелна ретроспектива на еден од најстарите фестивали во светот посветен на уметноста на кинематографијата. Преку објективот на Ставрев, посетителите патуваат низ времето од првите изданија на фестивалот до денешните светски ѕвезди кои чекорат по црвениот тепих на Широк Сокак.

„Секој обид да се зборува за значењето на оваа изложба ќе биде блед обид да се долови нејзината длабочина. Пасијата со која Сашо Ставрев ги ‘следи и лови’ ликовите на лауреатите, актери, режисери, сниматели и продуценти е живопис на еден фестивал кој ни го донесе светот дома, а нас, битолчани, нè однесе во светот на филмската магија“, беше истакнато на отворањето.

Публиката имаше можност да ужива и во настапот на деветгодишната Теона Димеска на виолончело, во придружба на нејзиниот ментор Зисо Пуровски.

„Фестивалот ‘Браќа Манаки’ датира од 1979 година и е најстар во светот што ја вреднува работата на кинематограферите. Низ годините во Битола пристигнувале бројни филмски имиња од Карпо Година, Раде Шербеџија и Милена Дравиќ, до светски познатите оскаровци Свен Никвист, Виторио Стораро, Бранко Лустиг и Роџер Дикинс“, потсети Сашо Ставрев.

Тој додава дека низ неговиот објектив во изминатите децении поминале личности со вкупно 19 освоени Оскари и 66 номинации, што ја претвора Битола во вистинска филмска престолнина.

Континуираното фотографирање на фестивалот, како што истакнува, е и личен аманет од самиот Милтон Манаки, кој му рекол „Продолжи да фотографираш, тоа ти го оставам како аманет“. Денес, тој аманет живее преку Петар Ставрев и неговиот син Сашо, кои ја продолжуваат семејната традиција и ја чуваат визуелната меморија на градот и фестивалот.

Изложбата е овозможена со поддршка од Министерството за култура и туризам, а публиката може да ја посети наредните денови во Кристалната сала на Офицерски дом, КИЦ Битола.

Фото: Сашо Ставрев

IMG_7247
IMG_7248
IMG_7249
IMG_7250
IMG_7251
IMG_7252
IMG_7253
IMG_7254
IMG_7255
IMG_7256
IMG_7257
IMG_7258
IMG_7259
IMG_7260
IMG_7261
IMG_7262

Continue Reading

Претходно: Манасиевски: СДС е трета партија на политичката сцена во Македонија, дебакл на политиките на Филипче и Заев, Македонија направи вистински избор
Следно: Доделени четвртоноемвриските награди – наградата за животно дело врачена на уметникот Панде Петровски

Поврзани вести

12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
20260902081224_big_730x400_22
  • Настани

Во КИЦ Битола изложба на скулптури ,,Торза’’ на македонскиот уметник Андреј Митевски

Шеталиште 02/09/2026 07:01
DSCF8819_resized
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Битола подготвена за првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“

Шеталиште 14/08/2026 08:50
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија stadion-3-1536x1024 1
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

07/09/2026 14:07
Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично 3policija-420x240-138854-1 2
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

07/09/2026 11:07
Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар gorivo-pumpa-750x350-2 3
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

07/09/2026 11:04
Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд znamee-1 4
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

07/09/2026 07:58
Денеска се празнува пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј Svekji-Crkva-2_1000x666-1 5
  • Македонија

Денеска се празнува пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј

07/09/2026 07:56

Можеби сте пропуштиле

stadion-3-1536x1024
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

Димитар Петковски 07/09/2026 14:07
3policija-420x240-138854-1
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

Шеталиште 07/09/2026 11:07
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

Шеталиште 07/09/2026 11:04
znamee-1
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

Шеталиште 07/09/2026 07:58

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани