ФОТО: Ристовски влезе во „клубот сто“: Динамо му подари специјален дрес

0
Споделивања

Македонскиот фудбалски капитен Стефан Ристовски во неделата имаше голем јубилеј во дресот на Динамо Загреб.

Имено, искусниот десен бек против Шибеник го одигра стотиот натпревар за хрватскиот гигант, а клубот од Загреб му врачи посебен подарок.

Откако ја раситна „стотката“ Ристовски доби специјален врамен дрес со бројот 100 кој ќе остане во негово вечно сеќавање за периодот поминат на „Максимир“.

Динамо Загреб извојува убедлива победа од 4-0, а Ристовски беше заменет во 81. минута.

0
Споделивања
Exit mobile version