Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Настани

ФОТО: Свечено затворен 27. Интернационален фестивал на монодрама – Битола

Шеталиште 30/04/2026 08:54
Monodrama (46 of 149)

Со доделување на фестивалските награди и изведба на претставата „Гидионовиот јазол“ за затворање, синоќа во Битола беше затворено 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама. За најдобрите остварувања одлучуваше стручното меѓународно жири составено од Керолајн Бернс Кук, Анџелина Роска и Кире Ѓоревски, кое ги избра лауреатите на годинашниот фестивал.

Наградата за најдобар актер ја доби Јано Изорија од Грузија за изведбата во претставата „КВАРКВАРЕ“, во продукција на театарот „Поти Валеријан Гунија“, во режија на Саба Асламазишвили. Во образложението жирито истакна дека станува збор за брилијантна изведба што се одликува со силен темперамент, енергија и внатрешна напнатост, која го задржува вниманието на публиката од почетокот до крајот. Посебно се нагласува богатството на актерски изразни средства и разновидноста на сценскиот израз, преку кои ликот е изграден со длабочина и повеќеслојност.

Наградата за најдобра режија ја доби Жива Бизовичар за претставата „ЏЕКИ“, во продукција на Дрански театар од Македонија, со актерка Трајанка Илиева – Вељиќ. Жирито ја истакна суптилната работа со актерот и способноста органски да се води изведувачот низ различни внатрешни состојби, создавајќи континуиран и психолошки веродостоен сценски тек. Особено се издвојува прецизното градење на темпо-ритамот и динамиката на актерската игра.

Гран при наградата на фестивалот ја доби претставата „#НОТИ“ од Романија, во продукција на театарот „Тони Буландра“, во режија на Касандра Топологеану, со актерка Андреа Танасе. Според образложението на жирито, претставата претставува современ театарски проект кој органски ги обединува елементите на физичкиот театар со психолошката димензија и истражувањето на социјалната маска. Сценографското решение со видеопроекции и внимателно изградената звучна средина создаваат силна сценска атмосфера, во која темите на изолација, насилство и преиспитување на женственоста добиваат заокружен уметнички израз.

Наградата од публиката ја доби претставата „ЏЕКИ“, со актерката Трајанка Илиева – Вељиќ.

Со ова заврши уште едно успешно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола, кој и оваа година донесе богата програма и врвни актерски остварувања од повеќе земји, потврдувајќи го значењето на фестивалот како важна меѓународна театарска платформа.

Continue Reading

Претходно: Вее снег на Златибор и Копаоник
Следно: АМСМ СО ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Овие патишта се ризични, внимавајте на одрони

Поврзани вести

IMG_3082
  • Култура
  • Настани

Шакира одржа бесплатен концерт на Копакабана пред два милиони луѓе

Шеталиште 03/05/2026 09:56
682738107_1146695597597852_5072943248499922598_n
  • Култура
  • Настани

СМИЛЕВО КАКО ОТВОРЕН ПРОЦЕС: ЗАПОЧНУВА „СМИЛЕВСКИ КОНГРЕС 2026“

Шеталиште 02/05/2026 07:22
IMG_4609
  • Настани

Black Coffeе – еден од највлијателните светски диџеи доаѓа на open air концерт во Скопје

Шеталиште 29/04/2026 11:05
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција mickoski 1
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

13/05/2026 12:03
Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО gob-8-septemvri 2
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

13/05/2026 12:01
Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран Ljupco Nikolovski 3
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

13/05/2026 11:59
Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик kuce-aerodrom 4
  • Вести
  • Свет

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик

13/05/2026 11:57
Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето evrosong-italija-germanija 5
  • Вести
  • Свет

Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето

13/05/2026 11:55

Можеби сте пропуштиле

mickoski
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

Шеталиште 13/05/2026 12:03
gob-8-septemvri
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

Шеталиште 13/05/2026 12:01
Ljupco Nikolovski
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

Шеталиште 13/05/2026 11:59
drvo-sibir
  • Забава
  • Занимливости

Патентирано „проѕирно дрво“ во Сибир

Шеталиште 13/05/2026 11:58

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани