Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Занимливости

Франција воведува нов сообраќаен знак – казната за непочитување е 135 евра

admin 16/08/2023 00:00
20230816-francija-voveduva-nov-soobrakjaen-znak-kaznata-za-nepochituvanje-e-135-evra-m

Ако планирате да патувате низ Франција со автомобил, треба добро да внимавате на новиот сообраќаен знак во таа земја ако не сакате да бидете казнети. Имено, Франција воведе нов сообраќаен знак – бел ромб на сина позадина – а казната за непочитување на истиот изнесува 135 евра. Новиот знак означува посебна лента на левата страна од патот наменета за возила со најмалку двајца патници, возила со налепница за нулта емисии, такси-возила (дури и без патници), автобуси и други превозни средства од јавниот превоз.

Во некои случаи лентата е резервирана само во одреден дел од денот. Тоа се означува со палење на знакот или со дополнителен знак со временската рамка во која треба да се почитува правилото.

Целта на уредбата е да се намали загадувањето на околината, а француските власти тоа сакаат да го постигнат со намалување на бројот на возила на патиштата со зголемување на заедничкото користење на автомобилите. Камери за брзина веќе се воведени во градови како Лион и Гренобл за да се открива бројот на патници во возилата.

Новата уредба не е единствениот обид на Франција да ги стимулира граѓаните да не се возат сами. Тамошните власти имаат план за подобра искористеност на капацитетот на приватните возила.

Секој кој ќе прифати патници и активно ќе ги бара преку посреднички платформи би требало да добие бонус до сто евра. Како што пренесуваат медиумите, предвидено е исплата на наградата на двапати. Секој кој нуди превоз на онлајн платформа како „БлаБлаКар“ на почетокот ќе добие 25 евра. Ако во рок од три месеци додаде уште најмалку 9 огласи, за заедничкиот превоз ќе му бидат исплатени уште 75 евра. Понудата се однесува на рути до 80 километри и првенствено е наменета за патници кои досега редовно патувале сами. Заедничкиот превоз би требало да спречи испуштање на милиони тони јаглерод диоксид, истакнуваат од француската влада.

Continue Reading

Претходно: МТСП ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за линеарното покачување на пензиите
Следно: Нов вид змија откриен во Перу именуван по Харисон Форд

Поврзани вести

IMG_1604
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (14.03.2026)

Шеталиште 14/03/2026 11:33
friday13
  • Занимливости

Денес е вториот последователен петок 13-ти оваа година

Шеталиште 13/03/2026 07:32
07.03.2026-63
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (07.03.2026)

Шеталиште 07/03/2026 18:25
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

Продолжува евакуацијата: Денеска нов лет од Дубаи кон Скопје avion-2 1
  • Македонија

Продолжува евакуацијата: Денеска нов лет од Дубаи кон Скопје

17/03/2026 09:15
Русија се враќа на Венера venera-planeta 2
  • Вести
  • Свет

Русија се враќа на Венера

16/03/2026 17:36
АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга AEK 3
  • Вести
  • Македонија

АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга

16/03/2026 17:33
СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите предлог- законски решенија за запирање на кризата со цените sdsm 4
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите предлог- законски решенија за запирање на кризата со цените

16/03/2026 17:32
Од утре дожд и пониски температури dozd 5
  • Вести
  • Македонија

Од утре дожд и пониски температури

16/03/2026 17:30

Можеби сте пропуштиле

avion-2
  • Македонија

Продолжува евакуацијата: Денеска нов лет од Дубаи кон Скопје

Шеталиште 17/03/2026 09:15
venera-planeta
  • Вести
  • Свет

Русија се враќа на Венера

Шеталиште 16/03/2026 17:36
chat-gpt-pexels-1068x712
  • Живот
  • Технологија

ЧетГПТ помогнал во создавање револуционерен третман за рак

Шеталиште 16/03/2026 17:35
AEK
  • Вести
  • Македонија

АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга

Шеталиште 16/03/2026 17:33

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани