Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Фрчкоски: Како лажна вест се претставува како осуда од Брисел

Шеталиште 03/02/2026 15:36
Jon-Frckovski

СДСМ целосно го разобличува начинот на ширење лажни вести и дезинформации од страна на кујните на ВМРО и медиумите под контрола на Орбан, рече на прес-конференција Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, што Шеталиште ја пренесува интегрално.

Нивните црни кампањи против опозицијата, јавниот линч врз претседателот Филипче се базирани на лаги и дезинформации.

Денеска, ќе покажеме уште еден еклатантен пример како се злоупотребува медиум за да се шират дезинформации.

Порталот „Република“ објавува вест со наслов, цитирам: „Притисокот на Филипче врз ‘Република’ стигна до Брисел“.

Во текстот стои: весникот Brusselmorning објави текст со наслов „Проевропска партија само декларативно: Болшевичкиот пристап на СДСМ кон контролата на медиумите“, во кој се критикува притисокот и односот на опозициската партија во Македонија кон новинарите чии наслови ги нарекува токсични.

Ова е чиста лага.

Вистината е следна:

Објавениот текст не е став на Европската Унија, не е став на весникот Brusselmorning, ниту на која било европска институција ниту не европски медиум.

Станува збор за лично мислење на авторот, кој е новинар на „Република.мк“.

Значи, „Република.мк“ си цитира свој новинар, а го објавува како меѓународна реакција и потоа тоа го продава на јавноста како осуда од Брисел.

Ова е организирана дезинформација. Fake news!

Не само што три дена пишуваа за ова, туку истиот новинар потоа направи и поткаст на истата тема (за својот текст), со наслов „Што велат медиумите во Брисел“.

Еве на овој начин континуирано се шират дезинформации, говор на омраза, се пласираат невистини и се фабрикуваат скандали насочени кон СДСМ, Венко Филипче. А се води и анти-ЕУ кампања.

Само во последната година преку анализа и хроника на СДСМ беа документирани и објавени над 1.000 текста и наслови од медиуми блиски до ВМРО – со дезинформации, фабрикувани афери и неосновани напади.

Сè е јавно, проверливо и документирано.

СДСМ нема да дозволи медиумите под влијание на Орбан да ја трујат јавноста.

Оваа злоупотреба доаѓа токму во момент кога СДСМ јавно ги разобличува мрежите на дезинформации и медиумите под влијание на унгарскиот модел на Виктор Орбан – модел што ВМРО отворено го копира.

И тука е суштината.

Овие медиумски групации и структури на Орбан во Македонија служат како политичка алатка на ВМРО.

Оваа е мрежа на авторитарни влијанија, кои ја оддалечуваат Македонија од Европската Унија, ја поткопува медиумската независност.

Фото: СДСМ

Continue Reading

Претходно: Тошковски: Со „Безбеден град“ имаме намалување за 32 отсто на повредени лица само во Скопје и 64 отсто помалку на загинати во сообраќајни незгоди
Следно: Манасиевски: Неодговорното однесување на Трендафилов излезе на виделина, политичкиот театар нарачан од СДС и Левица излезе на површина

Поврзани вести

bezbeden-grad-kameri-750x375
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

Шеталиште 16/02/2026 15:22
SEMM
  • Вести
  • Македонија

СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини

Шеталиште 16/02/2026 15:21
VMRO-DPMNE
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието

Шеталиште 16/02/2026 15:19
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата bezbeden-grad-kameri-750x375 1
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

16/02/2026 15:22
СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини SEMM 2
  • Вести
  • Македонија

СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини

16/02/2026 15:21
ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието VMRO-DPMNE 3
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието

16/02/2026 15:19
Филипче: Предложените измени на Законот за високото образование се катастрофално лоши venko-filipce 4
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Предложените измени на Законот за високото образование се катастрофално лоши

16/02/2026 15:18
Филипче: Немам никаква поврзаност со која било фирма за марихуана во државата venko 5
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Немам никаква поврзаност со која било фирма за марихуана во државата

16/02/2026 15:17

Можеби сте пропуштиле

bezbeden-grad-kameri-750x375
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

Шеталиште 16/02/2026 15:22
SEMM
  • Вести
  • Македонија

СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини

Шеталиште 16/02/2026 15:21
VMRO-DPMNE
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието

Шеталиште 16/02/2026 15:19
venko-filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Предложените измени на Законот за високото образование се катастрофално лоши

Шеталиште 16/02/2026 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани