Тетовска Шкендија го мина второто квалификациско коло за Конференциската лига. Во реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига, Шкендија оствари победа од 3-1 иако губеше со 0-1 против словенечкиот Браво на Националната Арена „Тодор Проески“.
Гашпер Јован во 36. минута си постигна автогол, додека Алмир Крезиу во 50. минута постигна гол за Шкендија. Фудбалерите на Шкендија со овај резултат од 2-1 ќе мораа да играат продолженија Тетовци не се задоволија со резултат кој им носи продолженија, затоа иницијативата донесе нов гол преку новиот играч во 88. минута, Марко Ѓорѓиевски со глава погоди за 3-1 и пласман во следното коло, каде Шкендија за противник ќе го има тимот на Хибернијан од Шкотска.

