Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ: Александар Таневски нов селектор на Македонија до 21 година, Јакимовски нов претседател на Судискиот одбор

Димитар Петковски 09/09/2026 16:14
aleksandar-tanevski-1-1536x1069

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука Александар Таневски да биде назначен за нов селектор на македонската репрезентација до 21 година.

Таневски доаѓа од работата со младинските селекции на ФФМ и селекцијата до 20 години, одлично ја познава генерацијата фудбалери која треба да биде основа на новиот состав до 21 година. На последните два натпревари од актуелниот квалификациски циклус, новиот селектор ќе има можност да работи со дел од помладите фудбалери и постепено да го гради тимот за следниот квалификациски циклус.

Целта е создавање конкурентна репрезентација која ќе бележи подобри резултати, но истовремено ќе придонесува и во создавањето и развојот на фудбалери за А репрезентацијата на Македонија.

Александар Таневски во тренерската кариера има водено вкупно 196 официјални натпревари како шеф на стручен штаб во Првата и Втората македонска фудбалска лига. Тренерската кариера ја започна во ФК Скопје, обезбедувајќи промоција во највисок ранг, а истиот успех го повтори со ФК Македонија ЃП, тим со кој играше финале на Купот на Македонија и обезбеди место во Европските купови. Работеше во Академија Пандев, а последниот клупски ангажман го имаше во ФК Беса.

ФФМ му се заблагодарува на досегашниот селектор Горан Станиќ за неговиот придонес и ангажман во репрезентацијата до 21 година и му посакува успех во идните професионални предизвици.

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука Дејан Јакимовски да биде избран за претседател на Судискиот одбор на ФФМ, наследувајќи го досегашниот претседател Божиновски. Емил Божиновски поради лични причини се повлекува од функцијата претседател на Судискиот одбор на Фудбалската федерација на Македонија. Божиновски, сепак, останува дел од судиското тело во рамки на Федерацијата и продолжува да придонесува со своето долгогодишно искуство во развојот и унапредувањето на судењето во македонскиот фудбал.

Јакимовски има долгогодишно домашно и меѓународно искуство како судија, со повеќе од 500 натпревари во Првата и Втората МФЛ и над 110 меѓународни натпревари како FIFA судија. Во својата досегашна работа беше член на Судискиот одбор, УЕФА контролор, како и VAR менаџер и проектен лидер при имплементацијата на VAR технологијата во македонскиот фудбал.

– Управниот одбор на ФФМ го разгледа барањето за поддршка и донација за реконструкција и уредување на помошното фудбалско игралиште со вештачка трева „Ќумурно игралиште“ во Битола. Имајќи ја предвид неговата значајна улога во развојот на младинскиот фудбал и потребата од создавање безбедни и квалитетни услови за тренинг, Управниот одбор на ФФМ го прифати барањето и одобри поддршка за реконструкција на игралиштето, вклучително и замена на вештачката трева и санација на подлогата и неопходната инфраструктура.

– Управниот одбор на ФФМ го прифати предлогот на Дисциплинската комисија за измена на таксите за жалба до Второстепената комисија за молби и жалби. Со одлуката, таксата за физички лица се зголемува од 100 на 200 евра, додека за правни лица од 200 на 500 евра, во денарска противвредност.

– Управниот одбор на ФФМ ја прифати одлуката за организација на Детските лиги во натпреварувачката сезона 2026/2027 преку новооснованите фудбалски региони. Активностите поврзани со Детските лиги се интегрираат во Грасрут програмата 2024–2028, со што се создава единствена и поорганизирана рамка за развој на детскиот фудбал и унапредување на условите за најмладите категории.

За реализација на активностите во сезоната 2026/2027 ќе бидат искористени 160.000 евра обезбедени преку УЕФА Хет Трик, заедно со очекуваните средства од котизациите за учество во Детските лиги. На тој начин, вкупниот буџет наменет за развој и реализација на активностите во детскиот фудбал во рамките на Грасрут програмата ќе изнесува над 230.000 евра.

Целта е средствата да се насочат кон конкретни активности кои ќе придонесат за поголем број деца вклучени во фудбалот, подобри услови за нивно тренирање и натпреварување, како и долгорочен и одржлив развој на детскиот фудбал во сите фудбалски региони.

 

Continue Reading

Претходно: Рекордна цена на бакарот
Следно: Мицкоски ќе присуствува на отворањето на новиот погон на „ВИК“ во ТИРЗ Прилеп

Поврзани вести

24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26
Screenshot_20261012_065715_Facebook
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

Димитар Петковски 12/10/2026 05:15
Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол image-66-1024x768 1
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

12/10/2026 12:43
За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски nikoloski-so-zname-696x464 2
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

12/10/2026 12:41
Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода 24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

12/10/2026 10:26
“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 4
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15
МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 5
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13

Можеби сте пропуштиле

image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
valerija-damcevska
  • Настани

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Шеталиште 12/10/2026 12:40
24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани