Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

Димитар Петковски 05/09/2026 06:36
img_7945-1536x1152

Денеска во Могила, Битолско, во употреба официјално беше пуштен вториот фудбалски терен во Македонија изграден во рамки на глобалниот проект „FIFA Arena“, иницијатива на ФИФА насочена кон развој на базичниот фудбал и создавање подобри услови за децата и младите.

На отворањето на новиот терен присуствуваа генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Леонид Јандреоски, легендите на македонскиот фудбал Николчe Новески и Ѓорги Христов, градоначалникот на Општина Могила, Драганчо Саботковски, претставници на локалната самоуправа, како и најмладите жители и фудбалери од општината.

По теренот во Босилово, Могила е втората општина во Македонија која добива современ фудбалски терен преку проектот „FIFA Arena“. Новото игралиште ќе биде достапно за локалните фудбалски школи, децата и младите од општината, како и за активностите во рамки на проектот „Фудбал во училишта“.

Во своето обраќање, генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски, истакна дека изградбата на нови терени е директна инвестиција во иднината на македонскиот фудбал и можност повеќе деца да го почувствуваат фудбалот како дел од своето секојдневие.

„Секој нов терен значи нова можност за едно дете. Можност да спортува, да се дружи, да учи што значи тим и да ги направи првите фудбалски чекори во безбедни и квалитетни услови. Токму затоа „FIFA Arena“ е многу повеќе од инфраструктурен проект, ова е инвестиција во децата и во иднината на нашиот фудбал“, изјави Јандреоски.

Тој упати благодарност до ФИФА за поддршката и визијата преку проектот „FIFA Arena“ да се создадат нови можности за децата ширум светот, потенцирајќи дека ФФМ останува посветена на развојот на инфраструктурата и базичниот фудбал во сите делови на Македонија.

„Нашата цел е фудбалот да биде достапен за секое дете, без разлика дали живее во голем град или во мала општина. Босилово беше почетокот, денес е Могила, а нашата работа продолжува. Со секој нов терен создаваме уште едно место каде што децата можат да растат со фудбалот и преку фудбалот“, додаде Јандреоски.

Присуството на македонските фудбалски имиња Николчe Новески и Ѓорги Христов дополнително ја збогати скромната церемонијата, испраќајќи порака дека патот кон големите фудбалски сцени започнува токму од ваквите терени и локалните средини.

„FIFA Arena“ е глобална иницијатива на ФИФА чија цел е изградба на 1.000 нови фудбалски терени ширум светот, со посебен фокус на децата и младите од средини каде што има ограничени можности за пристап до спортска инфраструктура.

„Ова е убав ден за нашата општина и особено за нашите деца. Сакам искрено да се заблагодарам на Фудбалската федерација на Македонија, на претседателот Масар Омерагиќ и на генералниот секретар Леонид Јандреоски за нивната поддршка и за тоа што Могила е дел од оваа значајна иницијатива. Новиот терен е инвестиција која ќе остане за идните генерации и ќе им овозможи на нашите деца да спортуваат, да се дружат и да ги развиваат своите фудбалски таленти. Верувам дека токму од вакви места започнуваат најубавите спортски приказни. Ви благодариме што ја препознавте Могила и што заедно создаваме подобри услови за нашите најмлади“, изјави градоначалникот на Могила, Драганчо Саботковски.

Могила денес доби ново место за фудбал. За најмладите, тоа значи ново место за игра, дружење, развој и можност еден ден токму одовде да тргне некоја нова фудбалска приказна.

Continue Reading

Претходно: Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово
Следно: Саботно „корзо“ на битолчани (05.09.2026)

Поврзани вести

image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол image-66-1024x768 1
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

12/10/2026 12:43
За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски nikoloski-so-zname-696x464 2
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

12/10/2026 12:41
Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода 24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

12/10/2026 10:26
“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 4
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15
МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 5
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13

Можеби сте пропуштиле

image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
valerija-damcevska
  • Настани

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Шеталиште 12/10/2026 12:40
24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани