Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ: Дисциплинска постапка против ФК Шкендија по инцидентите во Купот, се очекуваат радикални казни за самоволието!

Димитар Петковски 21/05/2026 16:49
zgrada

Шест дисциплински постапки против “самоволието” на Шкендија и една за победникот Силекс, одлучи комисија на Фудбалска федерација на Македонија, по разгледување на службените извештаи и официјалните информации поврзани со финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија, ги донесе следните одлуки:

– Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради непочитување на националната химна, исвиркување на истата и нестанување при нејзиното интонирање од страна на навивачите на клубот.

– Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради користење пиротехнички средства во текот на целиот натпревар (34 големи бакљи, 19 мали бакљи, 8 топовски удари, 14 дветлечки бакљи).

– Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради националистичко скандирање.

– Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради истакнување знамиња со навредлива и недозволена содржина, како и истакнување на знаме со нацистичка содржина за што веќе беа санкционирани од УЕФА.

– Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради скандирања со навредлива содржина кон ФФM.

– Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради одбивање да ги примат медалите, како и поради недоличен и деградирачки однос на фудбалерите и официјалните лица на клубот за време на церемонијата по завршувањето на натпреварот.

– Поведување дисциплинска постапка против ФК Силекс АД поради националистички извици и употреба на пиротехнички средства.

Фудбалска федерација на Македонија изразува сериозна загриженост и разочараност од однесувањето на дел од актерите на натпреварот, особено од постапките на раководните луѓе на ФК Шкендија и фудбалерите кои директно го нарушуваат угледот на македонскиот фудбал и достоинството на едно финале кое треба да биде празник на спортот.

ФФМ вложи максимални организациски напори натпреварот да помине во фер, спортска и достоинствена атмосфера, со високи безбедносни и организациски стандарди. Наместо тоа, јавноста беше сведок на недолично и неодговорно однесување кое не смее да има место на фудбалските терени.

Недозволиво е раководни структури и поединци, наместо да придонесуваат за смирување на тензиите, да создаваат атмосфера на поделби, провокации и континуирано барање алиби за сопствените неуспеси, неспособност и незнаење.

Парите и богатството не значат имање спортска и општа култура. Фудбалот и спортот воопшто бараат почит, одговорност и фер-плеј, а не провокации, навреди и поттикнување недолично однесување.

Комисијата утврди дека со однесувањето на претставниците на ФК Шкендија е изразен директен презир кон Фудбалска федерација на Македонија како организатор и носител на натпреварувањето, преку омаловажување на официјалниот протокол и институцијата која го организира натпреварувањето.

Истовремено, со одбивањето да се учествува во церемонијата за доделување медали, беше покажано непочитување и кон противничката екипа, бидејќи ваквото однесување претставува фактичко непризнавање на резултатот и омаловажување на постигнатиот спортски успех.

ФФМ оценува дека последното соопштение на ФК Шкендија е целосно неприфатливо, неосновано и во очигледна спротивност со утврдената фактичка состојба, со содржина која претставува навреда за здравиот разум и интелигенцијата на спортската јавност.

Фудбалска федерација на Македонија останува цврсто определена во намерата доследно да ги санкционира сите облици на недолично однесување, без разлика на клуб, поединец или функција.

Continue Reading

Претходно: Петмина дебитанти на списокот на селекторот на А репрезентацијата за пријателските со БиХ и Турција
Следно: Гоце Седлоски жали за пеењето на навивачките песни по реакциите во јавноста

Поврзани вести

image-253989
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

Шеталиште 18/06/2026 08:02
zesko-sonce
  • Македонија

Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло

Шеталиште 18/06/2026 07:48
megjunarodna-vozacka-dozvola
  • Вести
  • Балкан
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура

Шеталиште 18/06/2026 06:43
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината image-253989 1
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

18/06/2026 08:02
Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп а 2
  • Прилеп инфо

Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп

18/06/2026 08:00
Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа nafta-1 3
  • Економија

Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа

18/06/2026 07:48
Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло zesko-sonce 4
  • Македонија

Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло

18/06/2026 07:48
Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура megjunarodna-vozacka-dozvola 5
  • Вести
  • Балкан
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура

18/06/2026 06:43

Можеби сте пропуштиле

image-253989
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

Шеталиште 18/06/2026 08:02
oriz-so-pileshko
  • Рецепти

Ориз со пилешко и зеленчук

Шеталиште 18/06/2026 08:01
а
  • Прилеп инфо

Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп

Шеталиште 18/06/2026 08:00
simona-bitola
  • Настани

Промоција на „Ништо нормално“ од Симона Јованоска во Битола

Шеталиште 18/06/2026 07:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани