Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Спорт

ФФМ: Центарот за едукација го комплетираше првиот модул од УЕФА курсот за ПРО тренерска лиценца

Димитар Петковски 12/09/2025 09:30
dsc_2103-1536x1024

По пауза од шест години, повторно е оформена група од 22 кандидати за највисокото ниво на тренерска лиценца, УЕФА ПРО.

На отворањето на семинарот свое обраќање имаше претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, кој изрази голема поддршка за сите кандидати од страна на федерацијата. Првиот човек на македонскиот фудбал потенцираше дека стекнувањето со УЕФА ПРО лиценца е од исклучително значење и за самата федерација, бидејќи со тоа ќе може да се подигнат критериумите во Прва и Втора МФЛ, а со тоа и да се зголеми квалитетот на натпреварувањето.

На отворањето присуствуваа бројни врвни фудбалски имиња, Горан Пандев, Илија Најдоски, Ѓорѓи Христов, Кочо Димитровски, Алексо Мацков, Зоран Стратев, Благоја Милевски, Агим Ибраими и Бобан Бабунски, кои со своето присуство дадоа поттик и мотив за сегашните и идни кандидати во процесот на стекнување со највисоката тренерска титула што ја нуди УЕФА.

Директорот на Центарот за едукација на тренери, Борче Христов, им посака успешен семинар на сите кандидати, а воедно изрази и огромна благодарност до ФФМ и УЕФА за поддршката во реализацијата. Истакна дека пред нив следуваат вкупно осум модули исполнети со можности за надградување преку интензивна програма што ќе опфати предавања, практични работилници (тренинг) и дискусии со врвни домашни и меѓународни едукатори. За време на обуките ќе се применуваат современи методи, практични примери, тренинг сесии и теоретска настава на теми поврзани со процесот на тренирање, во согласност со новата УЕФА конвенција за 2025/2026 година.

Големиот интерес за курсот претставува охрабрувачки показател за растот на тренерската професија во македонскиот фудбал. Меѓу пријавените се најдоа голем број поранешни и активни фудбалери, меѓу кои и репрезентативци, Дарко Тасевски, Бобан Грнчаров, Влатко Гроздановски, Един Нурединоски, Марио Ѓуровски, Филип Ивановски, Димитар Капинковски, Раденко Бојовиќ и други кои ја препознаа вредноста на едукацијата и одлучија да ја насочат својата иднина кон тренерската кариера.

Центарот за едукација работи со мотивирани и посветени кандидати, подготвени целосно да се вложат во процесот на учење. Од своја страна, обучувачите несебично ќе го пренесат своето стручно знаење и искуство, како основа за идниот успех и развој на секој од нив во тренерската професија.

Посебно значаен момент е фактот што за првпат во рамките на УЕФА ПРО курсот учествуваат и две кандидатки,  жени, што претставува важен и охрабрувачки чекор кон зголемување на женското присуство во тренерската професија. Нивното учество дополнително ја нагласува заложбата за еднакви можности и инклузивност во фудбалската едукација, истакна Борче Христов во своето обраќање. Образовниот процес на кандидатките беше поддржан и стипендиран од страна на УЕФА и ФФМ, како дел од заедничките напори за развој на женскиот фудбал и унапредување на женските тренерски капацитети на национално ниво.

Наставата ќе биде целосно реализирана од страна на едукаторите на Центарот за едукација и надворешни соработници од УЕФА. Посебен акцент ќе биде ставен на теми како што се: лидерство и менаџмент во фудбалот, анализа на играта, психолошка подготовка на играчите, комуникациски вештини и современи тренинг методи. Во следниот период предвидена е посета на врвни фудбалски предавачи предложени од УЕФА, Алберт Капељас, Гуинес Мелендес, Курбан Гурбанов, Гинес Мелендез Сото и други познати експери од тренерската фела. Како предавачи и ментори од  Вујица Живковиќ, Жикица Тасевски, Ленче Алексовска Величковска.

ФФМ на сите учесници им упатува честитки за нивната посветеност и професионализам и продолжува со заложбите за континуиран развој и унапредување на тренерската професија во Македонија.

Continue Reading

Претходно: Прилеп: Од денеска можат да се доставуваат предлози за Третоноемвриски награди и признанија
Следно: Прилепчанката Елеонора Костоска Јованоска избрана за просветен работник на годината во предучилишното воспитание и образование

Поврзани вести

mkd-bul-1
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

Димитар Петковски 10/09/2026 09:41
aleksandar-tanevski-1-1536x1069
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ: Александар Таневски нов селектор на Македонија до 21 година, Јакимовски нов претседател на Судискиот одбор

Димитар Петковски 09/09/2026 16:14
dsc_5672-2-1536x1131
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер

Димитар Петковски 08/09/2026 13:13
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола pat-prilep-bitola 1
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

10/09/2026 12:39
Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани FB_IMG_1789043869662 2
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

10/09/2026 12:38
ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи Komarec 3
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

10/09/2026 10:31
ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија mkd-bul-1 4
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

10/09/2026 09:41
Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано ezerani 5
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

10/09/2026 07:05

Можеби сте пропуштиле

696409370ea57e2f063ba93140a4ee9a
  • Култура
  • Настани

Hair-aclea 2026 – Хуманитарен концерт

Шеталиште 10/09/2026 17:46
pat-prilep-bitola
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

Шеталиште 10/09/2026 12:39
FB_IMG_1789043869662
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

Шеталиште 10/09/2026 12:38
Komarec
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Шеталиште 10/09/2026 10:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани