Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Промо

Халкбанк ѝ подари уметничко пијано на Битола

Шеталиште 12/09/2025 06:53
543741609_1826190881300656_6173621489547408317_n

Во Офицерскиот дом во Битола беше откриено пијано кое отсега ќе му припаѓа на градот, како донација од Халкбанк.

Инструментот, дизајниран како уметничко дело, нема да остане затворен во салата, по потреба ќе биде поставуван и на платото пред Офицерскиот дом, како и на други јавни локации низ градот, со цел да стане дел од различни културни случувања и настани.

Дизајнот на пијаното, со апстрактни геометриски форми и колорит во сини, портокалови и жолти тонови, е дело на уметниците Петар Томски – Whazz Djazz и Владимир Дади Ивановски.

Визуелниот концепт симболизира стабилност, раст, енергија и оптимизам, вредности што се препознаваат и во културниот идентитет на Битола.

Свеченото откривање го изведоа претставници на Халкбанк заедно со градоначалникот на Битола и директорот на КИЦ. Вечерта на откривањето го доби својот вистински белег преку настапите на тројца исклучителни уметници.

Алексeј Белевски, иако има само дванаесет години, веќе зад себе има настапи на сцени во Македонија, Србија, Италија, Австрија и САД – меѓу кои и реномираниот Карнеги Хол во Њујорк.

Добитник е на бројни први и специјални награди на престижни натпревари како „Даворин Јенко“ во Белград, „Охридски бисери“, „Виена Фест“ и „Golden Key“ во САД.

Анастасија Гичевска, пак, е пијанистка со меѓународна кариера која студирала во Љубљана и дипломирала со највисоки почести во Грац, Австрија.

Зад себе има повеќе од 30 меѓународни награди, меѓу кои и престижната YAMAHA награда за најдобар пијанист во Македонија. Таа е солист, камерен музичар и педагог со искуство низ Европа и САД.

Вечерта ја заокружи „Пијан Славеј“ – музичко-поетскиот формат на Бранислав Николов, фронтменот на легендарната група „Фолтин“, чиј препознатлив глас и поетика ја обележаа македонската алтернативна сцена, во пијано придружбата на проф. Вангел Мажевски, истакнат музичар и педагог кој повеќе од три децении ја гради пијанистичката култура во земјата.

Со овој чин, Халкбанк го потврди својот принцип „Важни се луѓето“ и остави траен белег во културното ткиво на градот.

Битола доби пијано кое е повеќе од инструмент, тој е нов симбол на заедништво, музика и уметност.

Continue Reading

Претходно: Ана Талевска-Јолевска и Димитар Кузмановски ќе ја предводат советничката листата на ЛДП Битола за претстојните локални избори
Следно: Претпладне променливо облачно, а попладне сончево со умерена облачност

Поврзани вести

VLOG
  • Промо

Твоето следно возило те чека во Минт Центар

Шеталиште 03/09/2026 13:26
BACK_TO_SCHOOL_-_VLOG
  • Промо

Учебната година почна, а ти уште не си спремен? Mint Store е тука!

Шеталиште 03/09/2026 12:24
_Mintins
  • Промо

Повеќе понуди, Полесен избор со Минт Инс

Шеталиште 31/08/2026 07:59
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово bashkimi-2-1536x1111 1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

12/09/2026 22:14
Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне large (53) 2
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

12/09/2026 16:31
Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер bgmk010-1024x68387678 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

12/09/2026 09:36
Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново slika-turnovo-md11111 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

12/09/2026 09:29
Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 5
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11

Можеби сте пропуштиле

bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 17:30
large (53)
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

Шеталиште 12/09/2026 16:31
Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 16:12

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани