Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

„Хамлет“ на Бранко Брезовец премиерно во Прилепскиот театар

admin 19/10/2023 00:00
њее

На сцената на театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, на 20 октомври од 20 часот, премиерно ќе се изведе „Хамлет“ во режија и адаптација на Бранко Брезовец. Претставата подготвена според познатата трагедија на Вилијам Шекспир, а со користење на драмите „Во малиот дворец“ на Станислав Игнаци Виткиевич и „Чест“ на Васил Иљоски, е трета соработка на хрватскиот театарски режисер со Прилепскиот театар.

„Хамлет“ е врвно дело на англиската и на светската литература, во кое се зборува за опседнатоста на данскиот принц Хамлет со идејата да се одмазди за убиството на својот татко.
„Во ова читање на ‘Хамлет’, нагласени се конфликтот во и меѓу ликовите, стремежот за моќ и желбата за одмазда. И овој ‘Хамлет’ е заплеткан во измами, манипулации и лудило. Меѓутоа, мотивите од ‘Чест’ на Иљоски и од ‘Во малиот дворец’ на Виткиевич внесуваат уште позасилена атмосфера на сновидение и сосема неочекуван развој на комплексни односи и настани. Ликовите застрануваат од својата оригинална зададеност. Ниту во својата психологија ниту, пак, во своите постапки не се сосем идентични со оние од Шекспир. На тој начин, оваа претстава ни предочува нескротливи аспекти и можности за толкувања поинакви од очекуваните, односно од стандардно прифатените“, истакнува Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, соработник за драматуршки прашања на претставата.

Цитирајќи го полскиот театролог Јан Кот, кој вели дека секој „Хамлет“ што се поставува мора да загуби дел од богатството на Шекспировиот, Митоска-Ѓорѓиевска посочува дека, можеби, оваа нова и поинаква повеќеслојност на оваа постановка, која ја стекнуваат ликовите, или, пак, многузначноста што произлегува од секој, а не само од текстуалниот аспект, го претставува клучниот елемент што ќе му пркоси на ова тврдење на Кот, односно претставува (намерен или интуитивен) стремеж кон отелотворување на „Хамлет“ со целата негова комплексност и потентност. „Во таа смисла, режисерот Брезовец ќе истакне дека овој Хамлет се труди и да биде и да не биде наш современик и современик на нашиот театар“, додава Митоска-Ѓорѓиевска.

Улогите во претставата ги толкуваат: Зоран Иваноски, Димитар Ѓорѓиевски, Андон Јованоски, Даниела Иваноска, Марија Спиркоска-Илијеска, Игор Трпчески, Илија Волчески, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Виолета Чакарова, Наташа Ачански, Ана Митоска. Сценографијата е на Пеце Ристески, а костимите на Сузана Брезовец.

Инаку, Бранко Брезовец (1955, Загреб) има реализирано околу седумдесет режии на сите простори на Југославија и во странство (Велика Британија, Германија, Италија, Франција). Неговиот иновативен драматуршки пристап е во поврзувањето различни текстови, култури, контексти, јазици, режисерски и актерски стилови во една претстава. Во Македонија тој има режирано дваесетина претстави во театрите во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп. (Н.И.Т.)

Continue Reading

Претходно: Дали ни претстои нова епидемија на морбили?
Следно: Едно лице почина, две други се борат за живот – јаделе пита со пестицид

Поврзани вести

12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
20260902081224_big_730x400_22
  • Настани

Во КИЦ Битола изложба на скулптури ,,Торза’’ на македонскиот уметник Андреј Митевски

Шеталиште 02/09/2026 07:01
DSCF8819_resized
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Битола подготвена за првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“

Шеталиште 14/08/2026 08:50
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 1
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 3
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36
Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово shkendija-1-2-1536x1077 4
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

04/09/2026 20:56
60% поскапување годинава: Нафтата оди кон нови високи цени на гориво и струја gorivo-pumpa-750x350-2 5
  • Економија

60% поскапување годинава: Нафтата оди кон нови високи цени на гориво и струја

04/09/2026 09:43

Можеби сте пропуштиле

12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05
Саботно кафе во Прилеп (05.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (05.09.2026)

Шеталиште 05/09/2026 17:52

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани