Наместо спортска приказна за шампион во српскиот ракометен шампион, цел Балкан сега зборува за насилство, експлозија и сериозна повреда на ракометар на дуел од финалната серија.
Финалето на српското ракометно првенство помеѓу Војводина и Партизан во Нови Сад, се претвори во целосен хаос, откако беше прекинат по сериозен инцидент во кој беше повреден хрватскиот ракометар Фран Милета. Според српските медиуми, навивачите на Партизан – „Гробарите“ , со пиротехника во салата, односно топовски удари го повредија хрватскиот ракометар, Фран Милета, кој моментално не’ слуша на едното уво по експлозијата, според информации од неговиот клуб и медицинскиот извештај.
Натпреварот беше веднаш прекинат по инцидентот, но хаосот не заврши тука. Иако делегатот одлучи дека натпреварот може да продолжи, играчите на Војводина одбија да се вратат на теренот во знак на протест за сè што се случи. Натпреварот беше повторно прекинат, а на крајот официјалниот резултат беше регистриран со 20:0 за Партизан.
Така, борбата за титулата во српското првенство заврши во сосема бизарни и контроверзни околности, далеку од спортот и ракометот.
Фото и видео – Арена спорт тв

