Фати Вејсели се пласира во финалето на Медитеранските игри во Таранто – Италија откако во полуфиналето го победи турчинот, Јасин Јесил со 5-3. Фати Вејсели утре во финалето ќе се бори против натурализираниот Албанец Ислам Дуваев.
Покрај Вејсели и Реџеп Хајдари извојува победа и финале за Македонија, откако во полуфиналето славеше против Адлан Виханов од Франција со 3-2. Хајдари за разлика од Вејсели ќе има дуел против Даурен Кургулиев од Грција, кој своевремено бараше македонско државјанство.

Дејан Геогиевски (+87 кг) во таеквондо загуби од турскиот репрезентативец Хусеин Демирџиоглу со 1-2. Филип Блажевски во категорија под 80кг, исто така е поразен од Неџат Хусиќ од Босна и Херцеговина со 0-2.
97 кг
Хјадари – Чеик Лалу (Мароко) 11-0
Полуфинале
Хјадари – Адлан Виханов (Франција) 3-2
Финале
Хајдари – Кургулиев (Грција)
74 кг
Вејсели – Бен Тлили (Тунис) 6-3
Вејсели – Мухамед Мурад (Египет) 4-1
Полуфинале
Вејсели – Јасин Јесил (Турција) 5-3
Фото МОК

