Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, во државава вкупно 631 случај

admin 28/05/2024 00:00
picture-846-660x500-1

Од 17 до 23 мај, пријавени се 34 нови случаи на голема кашлица, со намалување од 22,7 отсто споредено со претходниот седмодневен период, кога беа евидентирани 44 новозаболени.

Од новите 34, три случаи се хоспитализирани, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен изутринава.

Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје – 27, а пријавени се и четири случаи од Тетово и по еден од Прилеп, Кичево и од Велес.

Возраста на заболените се движи од еден месец до 73 години. Најголем број случаи се од возрасната група под една година и од пет до девет години.

– Заклучно со 23 мај, во Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 631 случај на голема кашлица, со инциденца од 34,4/100. 000 жители.

Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – од 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи.

Дистрибуцијата на случаите по однос на место на живеење покажува дека најголем број лица живеат во Скопје – 507 или 80,3 проценти со зафаќање на седумнаесет различни општини.

Во рамките на епидемијата во Куманово, пријавени се 35 заболени лица или 5,5 отсто. Случаи се пријавени и во други 17 градови низ државата, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Дистрибуцијата по пол покажува дека 297 лица се од машки, а 334 од женски пол. – Епидемиската крива укажува дека појавувањето на нови случаи на голема кашлица започнува во првата недела од 2024 година.

Согласно податоците од евиденцијата на пријавувањето – за седмодневен период од понеделник до недела, се забележува континуиран пораст на бројот на случаи на неделно ниво, до 12-та недела.

Од 12 до 21-ва недела, бројот на пријавени случаи флуктуира, забележуваат од Институтот. Од вкупниот број заболени, хоспитализирани се 90 лица или 14,3 проценти.

Од нив, 75 или 83,3 отсто – на возраст до четири години. Најголем број од случаите – 60 или 66,7 проценти се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле.

Од вкупниот број хоспитализирани лица, 85 се испишани. Во просек, заболените биле хоспитализирани по девет дена. – Во тек се две епидемии пријавени во ниво на територијата на Скопје и на Куманово.

Од вкупниот број регистрирани случаи – 631, 379 односно 60,1 отсто не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација.

Од случаите кои се комплетно вакцинирани – 201, просек на поминато време од последната доза вакцина до заболување изнесува 12,4 години, заклучуваат од ИЈЗ. Од 18 јануари до 23 мај дадени се вкупно 49.

934 дози вакцина со компонента против голема кашлица. бд/дма/Фото: МИА архива, ИЈЗ.

Continue Reading

Претходно: Четворица битолчани добитници на наградите за роднокрајните автори на Библиотеката
Следно: Дневен хороскоп (28.05.2024)

Поврзани вести

Komarec
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Шеталиште 10/09/2026 10:31
mkd-bul-1
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

Димитар Петковски 10/09/2026 09:41
ezerani
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

Шеталиште 10/09/2026 07:05
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола pat-prilep-bitola 1
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

10/09/2026 12:39
Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани FB_IMG_1789043869662 2
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

10/09/2026 12:38
ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи Komarec 3
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

10/09/2026 10:31
ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија mkd-bul-1 4
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

10/09/2026 09:41
Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано ezerani 5
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

10/09/2026 07:05

Можеби сте пропуштиле

696409370ea57e2f063ba93140a4ee9a
  • Култура
  • Настани

Hair-aclea 2026 – Хуманитарен концерт

Шеталиште 10/09/2026 17:46
pat-prilep-bitola
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

Шеталиште 10/09/2026 12:39
FB_IMG_1789043869662
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

Шеталиште 10/09/2026 12:38
Komarec
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Шеталиште 10/09/2026 10:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани