Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Хоџа – Рокас: Засилена соработка со ЕУ за заштита и одржлив развој на Преспанскиот Регион

Шеталиште 31/03/2026 15:19
Rokas_Xhodza

Заедничката заложба за заштита и одржлив развој на Преспанскиот Регион била потврдена на денешната средба на министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, со амбасадорот на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас.

На средбата, како што информираат од МЖСПП, било истакнато дека Европската Унија останува силно посветена на зачувување на Преспа паркот преку нови и засилени активности насочени кон заштита на неговиот уникатен екосистем. Преспа била оценета како природно богатство од исклучително значење за целиот регион

Министерот Хоџа изразил благодарност за континуираната поддршка од Европската Унија и ја нагласил важноста од понатамошно унапредување на соработката за обезбедување долгорочна заштита и одржлив развој. Амбасадорот Рокас, пак, посочил дека заштитата на животната средина е клучен приоритет во европската агенда и ја истакнал Преспа како пример за успешна прекугранична соработка.

Двајцата соговорници се согласиле дека преку заеднички напори може да се придонесе за зачувување на природното и културното наследство и за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните од овој регион.

Од Министерството за животна средина посочуваат дека Европската Унија ќе продолжи да инвестира во иницијативи за долгорочна заштита, а во рамките на програмите како „ЕУ за Преспа“ се реализираат проекти за заштита на биодиверзитетот, одржливо управување со природните ресурси, водите и отпадот, како и за поттикнување на локалниот економски развој.

Фото: МЖСПП

 

Continue Reading

Претходно: Милатовиќ пред пратениците: Нашата визија за влез во ЕУ не е целосна без вас
Следно: Шок на пазарот на нафта: Бензинот поскапе за 30%, а дизелот за 70%

Поврзани вести

dsc_0759-1536x1108
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали

Димитар Петковски 16/04/2026 07:12
Zgrada-na-Sobranieto
  • Македонија

Собранието одлучува дали кризната состојба со нафта ќе трае до 20 јули

Шеталиште 16/04/2026 07:09
dozd-soobrakaj_1000_625-1
  • Македонија

Денеска врнежи од дожд и грмежи – викендот подгответе се за топли денови

Шеталиште 16/04/2026 07:08
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали dsc_0759-1536x1108 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали

16/04/2026 07:12
Собранието одлучува дали кризната состојба со нафта ќе трае до 20 јули Zgrada-na-Sobranieto 2
  • Македонија

Собранието одлучува дали кризната состојба со нафта ќе трае до 20 јули

16/04/2026 07:09
Денеска врнежи од дожд и грмежи – викендот подгответе се за топли денови dozd-soobrakaj_1000_625-1 3
  • Македонија

Денеска врнежи од дожд и грмежи – викендот подгответе се за топли денови

16/04/2026 07:08
Златото денес се тргува по 131 евро за грам 2430029_zlato-nemecko-usa-stahovani-evropa-1 4
  • Економија

Златото денес се тргува по 131 евро за грам

16/04/2026 06:37
Иран размислува да дозволи бродовите да пловат низ оманската страна на Ормускиот теснец без ризик од напад Strait_of_Hormuz_MODIS_2020-12-04 5
  • Македонија

Иран размислува да дозволи бродовите да пловат низ оманската страна на Ормускиот теснец без ризик од напад

16/04/2026 06:23

Можеби сте пропуштиле

naslovna900_x_600
  • Промо

Помеѓу финансии и човечност – гест што значи повеќе од бројка

Шеталиште 16/04/2026 07:17
dsc_0759-1536x1108
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали

Димитар Петковски 16/04/2026 07:12
Zgrada-na-Sobranieto
  • Македонија

Собранието одлучува дали кризната состојба со нафта ќе трае до 20 јули

Шеталиште 16/04/2026 07:09
dozd-soobrakaj_1000_625-1
  • Македонија

Денеска врнежи од дожд и грмежи – викендот подгответе се за топли денови

Шеталиште 16/04/2026 07:08

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани