Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Свет

Хрватска со недостиг од 70.000 сезонски работници, во Словенија платите до 3.000 евра

admin 26/03/2025 00:00
evro-moneti-1-750x430-2

Хрватска оваа година се соочува со недостиг од околу 70.000 сезонски работници во секторите на туризмот, угостителството, градежништвото и трговијата, а се очекува работниците од Босна и Херцеговина повторно да бидат меѓу најбројните, пренесува агенцијата ФЕНА.

Според податоците на хрватското Министерство за внатрешни работи, најбројни странски работници во земјата на крајот на минатата година биле државјаните на БиХ (38.100), по кои следуваат работници од Непал (35.635) и Србија (27.988).

Хрватската стопанска комора истакнува дека сезонските работници остануваат клучен фактор во туризмот, сектор кој традиционално вработува најголем број сезонски кадри. Како резултат на економските трендови, инфлацијата и зголемената побарувачка на работна сила, платите во Хрватска постојано растат, што позитивно се одразува и на приходите на странските и сезонските работници.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето плата во февруари оваа година изнесувала 1.361 евро. Воедно, новиот Закон за странци предвидува дека странските работници не смеат да имаат пониска плата од локалните работници на слични работни позиции.

„Еден од најголемите хотелски синџири во Хрватска, кој работи на повеќе локации долж Јадранот, ќе исплаќа плати од 1.500 до 2.000 евра нето во шпицот на сезоната. Сепак, за позиции како собарки, помошни готвачи, помошни келнери, кујнски работници и сервири, платите ќе се движат од 1.000 до 1.400 евра нето“, изјавија од Хрватската стопанска комора.

Дополнително, повеќето работодавачи, покрај основната плата, нудат и различни бонуси, како и бесплатен сместување и исхрана за сезонските работници.

Со новите измени во Законот за вработување странци, Словенија нуди олеснети процедури за сезонска работа, а платите во одредени сектори достигнуваат и до 3.000 евра.

Зголемен интерес за Словенија

Македонците традиционално работат во Хрватска, особено во угостителскиот и во туристичкиот сектор.

Но, зголемената конкуренција, поскапувањето на животот и ограничувањата во дозволите за работа ги натераа работниците да бараат алтернативи.

Словенија, која има силен економски раст и недостиг на работна сила во повеќе сектори, ја искористи оваа прилика.
Со законските измени, сезонските работници од Македонија побрзо и полесно добиваат дозволи за работа, а условите се подобрени.

Според неофицијални податоци, платите во одредени сектори како градежништво, транспорт и логистика, па дури и угостителство, се движат од 1.800 до 3.000 евра месечно, во зависност од искуството и позицијата.

„Работам во градежништво во Словенија веќе шест месеци и сум многу задоволен. Во Хрватска работев за 1.200 евра, а сега мојата плата е 2.500 евра. Покрај тоа, сместувањето ми е обезбедено, а работните услови се одлични“, вели Кристијан Ѓоргиевски, македонски работник во Љубљана.

Иако платите се повисоки, работниците предупредуваат дека темпото на работа е интензивно, а работните часови знаат да бидат долги.

Сепак, повеќето велат дека вреди.

Со новите законски измени и зголемени плати, Словенија станува една од најпривлечните работни дестинации за Македонците.

Додека некои бараат брза заработка, други гледаат можност за подолгорочно вработување и подобар животен стандард.

Агенциите за посредување потврдуваат дека процедурата за добивање работна дозвола е значително поедноставена. Доволно е македонски работник да има понуда за работа од словенечки работодавач, по што следува брза постапка за издавање виза.

Додека Словенија привлекува сè повеќе македонски работници, Германија ја преполови квотата за работници од Балканот – од 50.000 на 25.000 годишно.

Оваа одлука доаѓа во време на економска нестабилност, рецесија и промени во политиките на новата германска влада, која се фокусира на ограничување на имиграцијата.

Што се случи со Германија?

Дополнителен фактор е и значителниот број Украинци кои добија право на престој и работа во Германија, што влијаеше на намалената потреба од работници од Балканот.

И покрај намалените квоти, македонските граѓани сè уште можат индивидуално да аплицираат за работа во Германија, доколку работодавач обезбеди потврда дека нема домашни или ЕУ работници за одредената позиција.

Синдикатите и деловните здруженија предупредуваат дека ова ограничување може да предизвика недостиг на работна сила во градежништвото, угостителството и негата.

Со намалените можности за работа во Германија и зголемените трошоци за живот, дел од македонските работници веќе размислуваат за враќање во земјата.

Во овој динамичен пазар на труд, Словенија се појавува како нова можност за заработка, додека Германија повеќе не е сигурен избор. Македонските работници ќе мора внимателно да ги следат трендовите и да се прилагодат на новите реалности.

Германија е особено популарна дестинација. Во оваа земја моментално живеат 222.000 луѓе со македонско потекло, 68.000 повеќе од пред две години. Според германската амбасада во Македонија, бројот на барања за визи е зголемен за една третина од 2021 до 2022 година. Ваквиот развој на настаните е погубен за економската и демографската состојба за нашата земја. Во странство веќе живеат 700.000 Македонци, што е околу една третина од целото население.

Continue Reading

Претходно: Пет пациенти во критична состојба, истрагата продолжува со нови претреси и распити
Следно: Над 140 припадници на АРМ беа вклучени во справување со последиците од пожарот во „Пулс“ во Кочани

Поврзани вести

Strait_of_Hormuz_MODIS_2020-12-04
  • Свет

Нова ескалација во Ормускиот теснец: Иран наводно лансирал дронови кон трговски бродови

Шеталиште 12/06/2026 07:39
102937829
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Светското првенство: Мексико ја совлада Јужна Африка, Јужна Кореја се врати од негативата и ја победи Чешка (Видео)

Димитар Петковски 12/06/2026 05:53
avion1-1
  • Свет

„Рајанер“ под истрага – дополнително им наплаќал на родителите за да седат до своите деца

Шеталиште 11/06/2026 11:44
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Нова ескалација во Ормускиот теснец: Иран наводно лансирал дронови кон трговски бродови Strait_of_Hormuz_MODIS_2020-12-04 1
  • Свет

Нова ескалација во Ормускиот теснец: Иран наводно лансирал дронови кон трговски бродови

12/06/2026 07:39
Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо fjC5B-oblacno-1 2
  • Македонија

Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо

12/06/2026 07:37
Законот за оружје пред пратениците 53488 3
  • Македонија

Законот за оружје пред пратениците

12/06/2026 07:37
Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник image-253611 4
  • Македонија

Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник

12/06/2026 07:21
Светското првенство: Мексико ја совлада Јужна Африка, Јужна Кореја се врати од негативата и ја победи Чешка (Видео) 102937829 5
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Светското првенство: Мексико ја совлада Јужна Африка, Јужна Кореја се врати од негативата и ја победи Чешка (Видео)

12/06/2026 05:53

Можеби сте пропуштиле

Strait_of_Hormuz_MODIS_2020-12-04
  • Свет

Нова ескалација во Ормускиот теснец: Иран наводно лансирал дронови кон трговски бродови

Шеталиште 12/06/2026 07:39
fjC5B-oblacno-1
  • Македонија

Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо

Шеталиште 12/06/2026 07:37
53488
  • Македонија

Законот за оружје пред пратениците

Шеталиште 12/06/2026 07:37
image-253611
  • Македонија

Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник

Шеталиште 12/06/2026 07:21

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани