Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Шоубиз

Хулио Иглесијас обвинет за сексуален напад врз две жени

Шеталиште 13/01/2026 16:41
Hulio-Iglesijas

Легендата на шпанската балада, Хулио Иглесијас се соочува со обвиненија дека сексуално нападнал две жени во 2021 година. Помладата од нив тогаш имала 22 години, објавуваат шпанските медиуми.

Жените тврдат дека шпанската ѕвезда, наводно, сексуално ги злоупотребил додека биле вработени во неговите карипски вили. Домашна помошничка тврди дека била принудена на секс, опишувајќи потези на шлаканици, физичко и вербално насилство. Физиотерапевтка, која исто така, работела за пејачот, тврди дека била подложена на несоодветно допирање, навреди и понижување за време на нејзиниот однос, во атмосфера на контрола и постојано вознемирување, пренесува британски „Индепендент“ (Independent).

Наводните напади се случиле во неговите куќи во Пунта Кана, Доминиканска Република, и Лајфорд Кеј, на Бахамите.

Обвиненијата беа објавени вчера, по заедничка истрага на шпанскиот весник „Ел дијарио“ (Еl diario) и телевизијата „Унивисиjон“ (Univision). Така, една од наводните жртви, која се претставува под името Ребека (не е нејзино вистинско име), вели дека шпанскиот уметник, тогаш 77-годишен, често ја повикувал во својата соба навечер.

– Ме искористуваше речиси секоја ноќ. Се чувствував како предмет, како робинка!, изјави таа.

Сексуалните средби, според наводите, речиси секогаш се случувале во присуство на друг, постар член на неговото домаќинство. Лаура (како што гласи лажното име на другата тужителка), тврди дека Иглесијас ја бакнувал во уста и ѝ ги допирал градите против нејзина волја.

Шпанските медиуми – според првичните пишувања, не добиле одговор на прашањата испратени по е-пошта, телефонски пораки и писма доставени на неговата домашна адреса. Поранешна менаџерка, отфрлајќи ги обвинувањата, рече дека чувствува само „благодарност, восхит и почит кон големиот уметник и човек“, опишувајќи го Иглесијас како „скромен, дарежлив, вистински господин и многу голем почитувач“ на сите жени.

Хулио Иглесијас е шпанска и светска латино-ѕвезда, со повеќе од 300 милиони продадени плочи ширум низ целиот свет.

Фото: Википедија

Continue Reading

Претходно: ГАЛЕРИЈА: Карневал под маски во Вевчани
Следно: Најздодевниот пат на светот: 240 километри без ниедна кривина

Поврзани вести

zlato
  • Забава
  • Занимливости

Дури 99,999 отсто од златото се наоѓаат во јадрото на Земјата – но, не можеме да стигнеме до него

Шеталиште 11/09/2026 07:45
soncev-sistem
  • Забава
  • Занимливости

Меркур можеби се намалил значително повеќе во својата историја отколку што досега се веруваше

Шеталиште 11/09/2026 07:43
IVK_7220
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (05.09.2026)

Шеталиште 05/09/2026 17:25
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“ img_8947 1
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

11/09/2026 11:31
Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи policiska-akcija 2
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

11/09/2026 11:10
Дизелот во САД постави историски рекорд – нафтата останува над 100 долари, стравувањата од нов инфлациски шок растат nafta-1 3
  • Економија

Дизелот во САД постави историски рекорд – нафтата останува над 100 долари, стравувањата од нов инфлациски шок растат

11/09/2026 11:09
Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар 20260911125006_big_730x400_99 4
  • Македонија

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

11/09/2026 11:04
ВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра потрошени за коридорите 8 и 10Д, а градбата заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИ, ЈО да отвори постапка каде завршиле парите VMRO-DPMNE 5
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра потрошени за коридорите 8 и 10Д, а градбата заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИ, ЈО да отвори постапка каде завршиле парите

11/09/2026 07:50

Можеби сте пропуштиле

img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31
policiska-akcija
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

Шеталиште 11/09/2026 11:10
nafta-1
  • Економија

Дизелот во САД постави историски рекорд – нафтата останува над 100 долари, стравувањата од нов инфлациски шок растат

Шеталиште 11/09/2026 11:09
20260911125006_big_730x400_99
  • Македонија

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Шеталиште 11/09/2026 11:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани