Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Царината спречила шверц на дрога, лекови, цигари и 38 илјади заштитени трговски марки

admin 08/10/2024 00:00
image-216544

Во текот на минатата недела, Царината спречила обид за нелегална трговија на дрога марихуана, лекови, а спречен е и обид за криумчарење цигари, како и стока која повредува право од интелектуална сопственост.

„На граничен премин Блаце царинските службеници спречија обид за нелегална трговија на опојна дрога, марихуана. Притоа, запленети се 36,4 килограми опојна дрога марихуана, чијашто вредност на нелегалниот пазар на големо се проценува од близу 100 илјади евра, а на мало до три пати повеќе. Против лицето е поднесена кривична пријава заради основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено пуштање во промет на наркотични дроги.

На граничен премин Јажинце царинските службеници спречија обид за криумчарење на вкупно 7.847 ленти разни лекови. Притоа запленети се лекови ксалол од еден мг, бромазепам од 6 мг, флормидал од 15 мг и бенсадин од 10 мг со вкупна вредност од 8,7 милиони денари. Случајот е откриен при контрола на товарно моторно возило во сопственост на македонска фирма. Возилото и лековите се запленети, а против сторителот ќе се поднесе кривична пријава заради прекршување на кривичниот законик.

На излез од државата на граничен премин Деве Баир, царински службеници запленија 12.690 евра.

Царински службеници на граничниот премин Богородица запленија 44 штеки цигари со вкупна вредност од 128.100 денари, откриени при контрола на празен камион со македонски регистарски таблички.

Мобилни тимови запленија 1.230 парчиња облека, 1.300 кутии за накит, и 455 килограми текстилно платно откриени при контрола на стока пријавена за увозно царинење во царинска испостава Скопје 1.

Во четири случаи, вкупно 38.462 разни производи со потпис на заштитени трговски марки се запленети од страна на мобилни царински тимови и царински службеници на граничен премин Богородица поради сомнение дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Стоката била наменета за увозници од Скопје и Тетово. Во тек е процедура за утврдување на нивната оригиналност“, се вели во соопштението на Царината.

Continue Reading

Претходно: Се судрија „пежо“ и мотоцикл во Битола, со тешки повреди едно лице пренесено во болница
Следно: Ураганот „Кирк“ пристигнува во Европа

Поврзани вести

gorigeic
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев се врати во редовите на чешкиот шампион (Фото)

Димитар Петковски 16/11/2026 16:49
Битолчанец физички ја нападнал вонбрачната сопруга, полицијата го приведе
  • Вести
  • Битола инфо

Битолчанец физички ја нападнал вонбрачната сопруга, полицијата го приведе

Васка М.Младеновска 16/11/2026 13:39
Шасивари: Нулта толеранција за насилството врз жените
  • Вести
  • Македонија

Шасивари: Нулта толеранција за насилството врз жените

Васка М.Младеновска 16/11/2026 13:22
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев се врати во редовите на чешкиот шампион (Фото) gorigeic 1
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев се врати во редовите на чешкиот шампион (Фото)

16/11/2026 16:49
Ново поглавје во здравството: Во Прилеп успешно изведена првата лапароскопска интервенција 20261116151138_big_730x400_7 2
  • Прилеп инфо

Ново поглавје во здравството: Во Прилеп успешно изведена првата лапароскопска интервенција

16/11/2026 16:32
Од полноќ ново намалување на цените на горивата nis_piu_motorno_gorivo1-1 3
  • Економија

Од полноќ ново намалување на цените на горивата

16/11/2026 14:05
По повеќечасовна потрага пронајден е планинар кој се изгубил во Мариово 645541603_27079863801613746_784269200017772072_n-1170x878 4
  • Прилеп инфо

По повеќечасовна потрага пронајден е планинар кој се изгубил во Мариово

16/11/2026 14:01
Битолчанец физички ја нападнал вонбрачната сопруга, полицијата го приведе Битолчанец физички ја нападнал вонбрачната сопруга, полицијата го приведе 5
  • Вести
  • Битола инфо

Битолчанец физички ја нападнал вонбрачната сопруга, полицијата го приведе

16/11/2026 13:39

Можеби сте пропуштиле

gorigeic
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев се врати во редовите на чешкиот шампион (Фото)

Димитар Петковски 16/11/2026 16:49
20261116151138_big_730x400_7
  • Прилеп инфо

Ново поглавје во здравството: Во Прилеп успешно изведена првата лапароскопска интервенција

Шеталиште 16/11/2026 16:32
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Од полноќ ново намалување на цените на горивата

Шеталиште 16/11/2026 14:05
645541603_27079863801613746_784269200017772072_n-1170x878
  • Прилеп инфо

По повеќечасовна потрага пронајден е планинар кој се изгубил во Мариово

Шеталиште 16/11/2026 14:01

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани