Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Економија

Царинската управа во јули остварила приходи од 14,14 милијарди денари, историски највисокa месечна наплата

Шеталиште 05/08/2026 13:17
Carinska uprava

Царинската управа информираше дека во јули остварила историски највисокa месечна наплата на приходи од 14,14 милијарди денари, што е за 1,5 милијарди денари или 11,8 проценти повеќе од јули минатата година.

Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, вели дека ваквите податоци се доказ дека системот што се гради во изминатите две години ја зголемува способноста на државата да генерира повисоки приходи.

Најзначајниот аспект на фактот што по четврти пат во последните две години ги надминуваме рекордите во наплатата на приходи на историско ниво – почнувајќи од над 12 милијарди денари во јули минатата година и сега над 14 милијарди денари не е самата бројка туку трендот што го отсликува. Ова е доказ дека успесите не се изолирани случаи, туку резултат на ефикасноста на системот што го градевме во изминатите две години. Ваквиот систем ни овозможува да генерираме повисоки приходи и да испорачаме подобри услови за живот за граѓаните“, потенцира Николовски.

Согласно анализата на наплатата на приходите остварена во јули, зголемувањето во најголем дел се должи на зголемените набавки на опрема од страна на Министерството за одбрана, зголемениот увоз на нафта и нафтени деривати, како и на зголемениот увоз на тутун и тутунски производи.

Кумулативно од почетокот на годинава заклучно со јули Царинската управа оствари вкупни приходи од 80,5 милијарди денари или 1,3 милијарди евра што е за 87,6 милиони евра повеќе од истиот период минатата година.

Николовски додава дека како институција која собира милијарди денари приходи за државниот Буџет, нашата должност е да обезбедиме подобри услови за водење бизнис и зголемување на конкурентноста на македонската економија пренесува скопјеинфо.

Нашата цел е јасна, градиме систем со кој безбедноста и полнењето на Буџетот не ја кочат економијата, туку се одвиваат паралелно преку модернизација и таргетирање на ризикот. Продолжуваме да градиме модерна, ефикасна и професионална Царинска управа која во континуитет испорачува резултати и придонесува за посилна економија“, истакна Николовски.

Continue Reading

Претходно: Верижен судир на четири возила кај Битола: Осум лица се во болница
Следно: 19 – годишен прилепчанец приведен бидејќи возел без возачка дозвола

Поврзани вести

nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Поевтинува горивото: Дизелот поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари

Шеталиште 10/08/2026 11:01
nafta-1
  • Економија

Нафтата поскапува: неизвесноста околу Ормускиот Теснец ги загрижува пазарите

Шеталиште 10/08/2026 07:23
20260807131324_big_730x400_10
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

Шеталиште 07/08/2026 11:16
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија Ohrid6-1-scaled 1
  • Македонија

Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија

11/08/2026 10:40
Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање c4-1024x1024 2
  • Македонија

Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање

11/08/2026 10:39
ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец Screenshot_20260811_064042_Facebook 3
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

11/08/2026 07:44
Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11 Vakcinacija_deca_vo_germanija 4
  • Свет

Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11

11/08/2026 07:36
Денеска се слави Светиот маченик Калиник crkva-1-1 5
  • Македонија

Денеска се слави Светиот маченик Калиник

11/08/2026 07:25

Можеби сте пропуштиле

Ohrid6-1-scaled
  • Македонија

Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Шеталиште 11/08/2026 10:40
c4-1024x1024
  • Македонија

Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање

Шеталиште 11/08/2026 10:39
Screenshot_20260811_064042_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

Димитар Петковски 11/08/2026 07:44
Vakcinacija_deca_vo_germanija
  • Свет

Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11

Шеталиште 11/08/2026 07:36

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани