Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Царинска управа: Спречен обид за шверц и обид за нелегално изнесување на стока во вредност од околу пола милион денари

admin 29/01/2024 00:00
picture-1454-660x500-1

Царинската управа соопшти дека е спречен обид за шверц и избегнување плаќање царински давачки на производи во вредност од 273 илјади денари, како и обид за нелегално изнесување на стока вредна 192 илјади денари, откриени при контрола на товарни моторни возила на влез и излез од државата во текот на изминатата недела.

Воедно, спречен е и шверц на 100 шишиња Хелих плус колаген што патник сакал нелегално да ги внесе во државава.

Во првиот случај, како што е наведено во соопштението, увозник сакал да избегне плаќање царински давачки на производи вредни 273 илјади денари која се обидел да ја прошверцува помеѓу стока која ја пријавил за увозно царинење.

Во намерата е спречен од страна на мобилен тим на Секторот за контрола и истраги кој при контрола на товарно возило на Царинска испостава Куманово утврдил вишок стока меѓу која 500 метри квадратни ламинат и 43 парчиња мебел.

Во вториот случај, на граничен премин Ќафасан е спречен обид за нелегално изнесување на поголем број автоделови во вредност од околу 200 илјади денари откриени при контрола на товарно моторно возило чиј возач изјавил дека возилото е празно и оти нема ништо за пријавување.

Во кабината на возилото во просторот помеѓу седиштата, под возачкото и совозачкото седиште, во преградите во кабината и преградите на левата и десната врата сокриени биле 241 парчиња различни автоделови за коишто возачот немал никакви документи.

-Воедно царинските службеници на Ќафасан спречија и шверц на 100 шишенца колаген што албански државјанин без да ги пријави сакал да ги внесе во државава.

Истите се откриени во три црни ќеси кои патникот ги скрил во ранецот, велат од Царинската управа. Во сите случаи стоката е запленета, а против пријавените лица се поднесени прекршочни пријави.

Continue Reading

Претходно: ЦУК: Вкупно 1.627 повици на 112 во последното деноноќие
Следно: Ски центарот „Нижеполе“ во исчекување на нови врнежи од снег и дозвола за поставување топови за вештачки снег

Поврзани вести

sonce-1
  • Македонија

Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени

Шеталиште 13/03/2026 07:02
sv-proterij-600x460
  • Македонија

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Протериј

Шеталиште 13/03/2026 06:59
dsc_1520-1536x1133
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа

Димитар Петковски 12/03/2026 10:44
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

Иран дозволи турски брод да помине низ Ормускиот теснец, уште 14 брдови чекаат дозвола skynews-iran-hormuz-ships-tankers_7178981 1
  • Свет

Иран дозволи турски брод да помине низ Ормускиот теснец, уште 14 брдови чекаат дозвола

13/03/2026 11:26
Барел нафта повторно над 100 долари gorivo-pumpa-750x350-2 2
  • Економија

Барел нафта повторно над 100 долари

13/03/2026 07:04
Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени sonce-1 3
  • Македонија

Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени

13/03/2026 07:02
Трамп упати нова закана до Иран: Внимавајте што ќе се случи денеска tramp5-660x446 4
  • Свет

Трамп упати нова закана до Иран: Внимавајте што ќе се случи денеска

13/03/2026 07:00
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Протериј sv-proterij-600x460 5
  • Македонија

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Протериј

13/03/2026 06:59

Можеби сте пропуштиле

skynews-iran-hormuz-ships-tankers_7178981
  • Свет

Иран дозволи турски брод да помине низ Ормускиот теснец, уште 14 брдови чекаат дозвола

Шеталиште 13/03/2026 11:26
Уште една игра постер
  • Филм

“Уште една игра” во кино Мис Стон во Прилеп

Шеталиште 13/03/2026 11:23
friday13
  • Занимливости

Денес е вториот последователен петок 13-ти оваа година

Шеталиште 13/03/2026 07:32
images
  • Рецепти

Посни здрави палачинки за целото семејство

Шеталиште 13/03/2026 07:09

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани