Актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер утрово објави дека ја продолжува соработката со Цветан Кузманоски до 2027 година.
Десното крило е еден од поважните ракометари во битолскиот тим и неговиот потпис секако е одлична вест за навивачите.
„Македонскиот репрезентативец Цветан Кузманоски останува верен на РК Еурофарм Пелистер до 2027 година. Раководството на клубот и репрезентативното крило се договорија за продолжување на соработката и во натпреварувачките 2025/2026 и 2026/2027 година“, објави Пелистер.
https://www.instagram.com/p/DCOfsM1sUQN/?utm_source=ig_embed&ig_rid=700637fe-5bf1-4ec1-84bc-e11370d80d6c

