ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПОВТОРНО ВО НАГОРНА ЛИНИЈА – најавите за царини ги „здрмаа“ берзите

0
Споделивања

Нов придвижување на берзите по последните закани на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемување на царините.

Европските берзански индекси пораснаа, американските индекси потонаа, а цените на златото скокнаа на ново највисоко ниво на историјата, откако Трамп објави царини од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум.

Трамп, исто така, предупреди дека ќе воведе дополнителни царини во вторник или среда, а германскиот канцелар Олаф Шолц изјави во предизборна телевизиска дебата дека Европската унија е подготвена да одговори „во рок од еден час“ доколку Вашингтон воведе царини за европските стоки, пренесува Ројтерс.

Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:15 часот порасна на 21.845,50 поени, британскиот FTSE 100 на 8.722,65 поени, францускиот CAC 40 на 8.000,38 поени, а московскиот MOEX на 2.988,42 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 44.303,40 поени пред отворањето на берзите во САД денеска, индексот S&P 500 на 6.025,99 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 19.523,40 поени.

Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта порасна на 71.433 долари, а на нафтата од типот брент на 75.111 долари. Европските фјучерси на гас за март на отворањето на берзата ТТФ се тргуваа по 57 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.894,04 долари за унца, а на пченицата падна на 5,7984 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,03141, што е за приближно 0,13 отсто помалку од петокот.

0
Споделивања
Exit mobile version